Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 10

10
За праведен живот
1 # 15,20; 17,25; 19,13 Мудар син го радува татко си, а безумниот син е тага на мајка си. 2#11,4; 21,6; Ез 7,19Неправедно стекнато богатство не донесува полза, а правдата од смрт спасува. 3#28,25; Пс 34,8-9; Мт 6,33Господ не допушта да гладува душа­та на праведникот, но богатството на безбожниците го одзема. 4#6,11; 12,24; 13,4Мрзливата рака донесува сиромаш­тија, а раката на работливиот збогатува. 5#6,8.10; 17,2; 19,26; 24,33Кој собира преку летото, е разумен син, а кој спие за време на жетва, е не­разумен син. 6#11,11; 24,24-25Благослов почива врз главата на праведниот, а насилство им ја затвора устата на беззакониците. 7#22,1; 5 Мојс 4,6; Проп 7,1Споменот за праведниот ќе биде благословен, а името на нечестивите ќе биде проколнато. 8#13,3; Мт 7,24Мудриот по срце прима заповеди, а неразумниот, кој брбори, ќе се сопне. 9#26,26; 28,18; Мт 10,26; Дела 13,10Кој оди во непорочност, оди без страв; а кој ги искривува патиштата свои, ќе биде казнет. 10#10,8; 18,20Кој намигнува со очите, беда донесува, а кој глупаво зборува – про­паѓа. 11#Ез 7,11; Авак 2,17; Пс 7,16Устата на праведникот е извор на животот, а насилството им ја затвора устата на беззакониците. 12#17,9; 1 Кор 13,4; Јк 5,20Омразата предизвикува раздори, а љубовта ги покрива сите гревови. 13#19,29; 26,3Во устата на разумниот има муд­рост, а за грбот на глупавиот – стап. 14#13,3; 18,7Мудрите го чуваат знаењето, а устата на глупавиот е близу до смртта. 15#18,11; 19,7Имотот на богатиот е негов утврден град, а пропаст за бедните е нивната си­ромаштија. 16#11,18-19; 15,6Трудот на праведникот води кон живот, успехот на нечестивиот – кон грев. 17#6,23; 15,10Кој ја пази поуката, тој е на патот кон животот; а кој го отфрла разо­б­личувањето – сѐ губи. 18#12,16; 26,24Кој крие омраза, има лажлива уста; а кој шири клевети, е глупав. 19#13,3; 17,27; Проп 5,2; Јк 1,19При многу зборување не се избегнува гревот, а разумен ќе бидеш ако ја воздржуваш устата своја. 20#24,2; 25,11Јазикот на праведниот е одбрано сребро, а срцето на нечестивите – нема вредност. 21#12,14; 13,2Устата на праведниот поучува мно­зина, а глупавите умираат од недостиг на разум. 22#1 Мојс 24,35; 5 Мојс 8,18Благословот Господов – збогатува, и не донесува со себеси тага. 23#2,14; 15,21Глупавиот со веселба го прави она што е престапно, а на разумниот човек мудроста му е својствена. 24#13,21; Пс 145,20Од она од што се плаши нечестиви­от, тоа ќе го снајде, а желбата на пра­ведниците ќе се исполни. 25#12,3.7; Мт 7,24-25Како што виорот минува, така и нечестивиот ќе исчезне; а праведникот е врз вечни основи. 26#15,19; 26,6.14Она што е оцетот за забите и димот за очите, тоа е мрзливиот за оние што го праќаат. 27#3,2; 9,11; 14,27Стравот Господов додава денови, а годините на нечестивите ќе се скратат. 28#11,7.23; Јов 8,13Очекувањето на праведниците е радост, а надежта на нечестивите ќе загине. 29#15,29; 22,12Патот Господов е крепост за непо­рочниот, а пропаст за оние, што вршат беззаконие. 30#2,21-22; Пс 37,29; Мт 5,5Праведниот нема да се поколеба ни­когаш, а лошите нема долго да живеат на земјата. 31#12,19; 13,3Од устата на праведникот тече мудрост, а развратниот јазик ќе биде пресечен. 32#15,28; 16,13.30Устата на праведникот го познава благопријатното, устата на нечес­тивите – развратното.

Селектирано:

Изреки 10: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се