Изреки на Соломон, син Давидов, цар израелски, за да се познае мудроста и поуката, за да се разберат изреките на разумот; за да се усвојат правилата на благоразумието, правосудието, судот и правината; да им се даде на простите разумност, на младите – знаење и расудување. Ако мудриот слуша, ќе ги умножи знаењата свои, и разумниот ќе најде мудри совети, за да разбира мудра изрека и длабок збор, зборовите на мудреците и нивните гатанки. Почеток на мудроста е стравот Господов; само глупавите ги презираат мудроста и поуката.
Прочитај Изреки 1
Сподели
Спореди ги сите верзии: Изреки 1:1-7
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа