Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Филипјаните 1:3-11

Филипјаните 1:3-11 MK2006

Му благодарам на мојот Бог секогаш, кога си спомнувам за вас, – во секоја моја молитва се молам со радост за сите вас – заради вашето учество во Еванге­ли­ето од првиот ден, па сѐ досега, уверен во тоа дека Оној, Кој го за­почна во вас доброто дело, ќе го доврши сѐ до Денот на Исус Христос. И право е да го мислам тоа за сите вас, зашто секогаш ве носам во срце – и кога сум во окови, и кога го бранам и утврдувам Евангелието, бидејќи сите вие сте мои соучесници во благодатта. Бог ми е сведок колку многу копне­ам по сите вас со милосрдноста на Исус Христос. И се молам вашата љубов сѐ повеќе и повеќе да изобилува преку познанието и разбирањето на сѐ, за да можете да го распознавате најдоброто, та да бидете чисти и беспрекорни во денот на Христос, полни со плодот на праведноста, кој е преку Исус Христос, за слава и пофалба на Бога.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Филипјаните 1:3-11