Броеви 28
28
Повторно за законите по однос на Жртвите
Секојдневни жртви
1И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 2#2 Мојс 23,14; 3 Мојс 3,11„Заповедај им на синовите израелски и кажи им: даровите Мои, лебните приноси, жртвите Мои со благопријатен мирис да Ми се принесуваат во свое време. 3#2 Мојс 12,5; Амос 4,4И кажи им: ете ја жртвата, која треба да Му ја принесувате на Господ: јагниња без недостаток – две едногодишни машки јагниња на ден, како жртва-сепаленица; 4едното јагне принесувај го наутро, а другото јагне навечер; 5#3 Мојс 2,1и лебен принос да принесете, една десетина од ефа пченично брашно, помешано со четвртина ин биено маслиново масло, 6#3 Мојс 1,3.9Тоа е постојана жртва-сепаленица, каква што беше принесена на планината Синај, за благопријатен мирис – жртва Господова. 7И кон неа да има за прелив четврт ин за едно јагне; на свето место извршувај го со вино преливот на Господ. 8#3 Мојс 3,7; 10,9Другото јагне принесувај го навечер, со таков лебен принос како утрината, со таков прелив кон него, принесувај како жртва – благопријатен мирис пред Господ.
Саботни жртви
9 #
2 Мојс 20,10; Ез 46,4-5; Мт 12,5 А во саботен ден по две едногодишни машки јагниња без недостаток, и лебен принос две десетини од ефа пченично брашно, помешано со масло, и прелив кон него. 10Тоа е саботна сепаленица за секоја сабота, освен постојаната сепаленица и преливот за неа.
Жртви за првиот ден од месецот
11 #
3 Мојс 1,3; Ез 46,6-7 и во првиот ден од месецот принесувајте Му на Господ сепаленици: два јунци, еден овен и седум едногодишни машки јагниња без недостаток, 12#15,4-12и три десетини од ефа пченично брашно, измешано со масло, како лебен принос кон секој јунец, и две десетини од ефа пченично брашно, измешано со масло, како лебен принос со овенот, 13#3 Мојс 1,9; 6,14и по една десетина од ефа пченично брашно, помешано со масло, како лебен принос за секое јагне, тоа е сепаленица, благопријатен мирис, жртва на Господ; 14#Езд 3,5а преливот за нив треба да биде половина ин вино за јунецот, една третина од ин за овен и една четвртина ин за јагне; тоа е сепаленица за секое новомесечје во текот на сите месеци на годината. 15Принесувајте Му на Господ секогаш и по еден козел како жртва за грев; него треба да го принесувате покрај секојдневната сепаленица, заедно со преливот за него.
Жртви за празникот Пасха
16 #
2 Мојс 12,1-20; 5 Мојс 16,1-8; 2 Лет 30,13 Во првиот месец, на четиринаесеттиот ден од месецот, е Пасха Господова. 17#2 Мојс 12,15.19И на петнаесеттиот ден од тој месец е празник; седум дена треба да се јадат бесквасни лебови. 18#2 Мојс 12,16Во првиот ден да имате свето собрание; никаква работа не вршете; 19#3 Мојс 1,9и принесете сепаленица, жртва на Господ: два јунци, еден овен и седум едногодишни машки јагниња; тие да се без недостаток; 20#3 Мојс 14,10и кон нив лебен принос принесувајте пченично брашно, измешано со масло, три десетини од ефа за секој јунец, и две десетини од ефа за овенот, 21и по една десетина ефа принесувајте за секое од седумте јагниња, 22#3 Мојс 4,3и еден козел – жртва за грев, за да се ослободите од гревот; 23принесувајте го тоа, освен утринската сепаленица, која е постојана жртва. 24Така правете секој ден во седумте дена; тоа е дар, принос благопријатен за Господ; освен редовната сепаленица и преливот кон неа треба да го принесувате тоа. 25И во седмиот ден треба да имате свето собрание; никаква работа не вршете.
Жртви за празникот Педесетница
26 #
2 Мојс 23,14-16; 34,22; 5 Мојс 16,9-12 И во денот на Првите плодови, кога Му принесувате на Господ нов лебен принос на празникот на Седмиците, треба да имате свето собрание, никаква работа не вршете; 27и принесувајте сепаленици – благопријатен мирис на Господ: два јунца, еден овен и седум едногодишни машки јагниња, 28а заедно со нив и лебен принос од пченично брашно, измешано со масло, три десетини од ефа за секој јунец, две десетини од ефа за овен, 29и по една десетина од ефа за секое од седумте јагниња; 30и еден козел – за ослободување од грев. 31Принесувајте ми ги овие жртви со нивниот прелив, освен постојаните сепаленици со лебниот им принос; тие треба да бидат без надостаток.“
Селектирано:
Броеви 28: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006