Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Броеви 27

27
Наследното право на ќерките
1 # 26,29-33; 1 Мојс 50,23; Ис.Н. 17,2-3; 1 Лет 2,21 И дојдоа ќерките на Салпаад, син на Хефер, кој беше син на Га­лаад, а тој – син на Махир, од поколението на Манасија, син Јосифов; и еве ги имињата на ќерките негови: Махла, Ноа, Хогла, Милка и Тирца; 2и откако застанаа пред Мојсеј, пред свештеникот Елеазар, пред кнезовите и пред целото општество, при влезот од скинијата на собранието, рекоа: 3#14,29; 16,35„Таткото наш умре во пустината, и тој не беше меѓу соучесниците што станаа против Господ заедно со луѓето на Кореј, туку умре поради свој грев, без синови. 4Зошто да се загуби името на таткото наш меѓу племето негово поради тоа што нема син? Дајте ни дел меѓу браќата на таткото наш!“ 5#1 Мојс 25,22; 2 Мојс 18,19И Мојсеј го изнесе прашањето нивно пред Господ. 6А Господ му рече на Мојсеј: 7#36,2; Ис.Н. 17,4; Јов 42,15 „Право велат Салпаадовите ќерки; дај им наследствен дел меѓу браќата на таткото нивни и предај им го ним делот на нивниот татко, 8а на синовите на Израел јави им и кажи: ако некој умре, и не остави син, предавајте го наследството негово на ќерките негови; 9ако, пак, тој нема ќерки, давајте го неговиот дел на браќата негови; 10ако нема браќа, дајте го неговиот дел на стриковците негови; 11ако, пак, нема ни стриковци, дајте му го неговиот дел на најблискиот негов роднина од неговиот род; и нека биде тоа закон за синовите израелски, како што му заповедал Господ на Мојсеј!“
Исус посветен за наследник на Мојсеј
12 # 5 Мојс 3,23-28; 31,1-8 # 3 Мојс 14,34; Ер 22,20 И му рече Господ на Мојсеј: „Изле­зи на планината Аварим и погледај ја земјата што им ја давам на синовите израелски; 13#5 Мојс 4,22; 32,48-52; 1 Цар 2,1и откако ќе ја погледаш, прибери се и ти при народот свој, како што се прибра Арон, братот твој; 14#20,1-13; 2 Мојс 17,7зашто вие не ја послушавте запо­ведта Моја во пустината Син, кога меѓу општеството се појави расправија, да ја покажете пред очите нивни Мојата светост при водата. Тоа е водата Мерива кај Кадис, во пустината Син.“ 15И Му рече Мојсеј на Господ, ве­лејќи: 16#16,22„Господ, Бог на духовите во сите те­ла, нека одреди над овој народ човек, 17#1 Цар 22,17; Ез 34,5; Мт 9,36кој ќе ги управува, и кој ќе ги предводи во сите можни околности, та да не остане народот Господов како стадо без пастир.“ 18#4 Мојс 23,28; 5 Мојс 31,7; Дела 6,6И му рече Господ на Мојсеј: „Земи го Исус, Навиновиот син, човек, во кого има Дух, и положи ја врз него раката своја. 19Претстави го пред свештеникот Еле­азар и пред целото општество, и дај му наредби пред целиот народ, 20#Ис.Н. 1,16-17и дај му од славата твоја за да го слуша сиот народ на синовите израел­ски; 21#2 Мојс 28,30; 1 Сам 28,6; Ис 8,19; Пс 106,13; Јн 11,51а тој да се обраќа до свештеникот Елеазар и да се допрашува до него за решенија преку урим пред Господ; и според зборот негов секогаш да пос­тапуваат: тој и сите синови на Израел со него, и целото општество.“ 22И направи Мојсеј како што му заповеда Господ Бог, и го зеде Исуса, па го претстави пред свештеникот Елеазар и пред целото општество; 23#5 Мојс 31,23; 34,9и ги положи врз него рацете свои и му даде совет, како што заповеда Господ преку Мојсеј.

Селектирано:

Броеви 27: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се