Броеви 26
26
Второ пребројување на израелските племиња
1 #
1 Мојс 46,8-25
По тој пораз Господ му рече на Мојсеј и на свештеникот Елеазар, син Аронов, велејќи: 2#2 Мојс 30,11-16„Преброј го целото општество на синовите израелски од дваесет години нагоре, според семејствата нивни, сите способни за војување во Израел.“ 3#Ис.Н. 13,32И им рекоа Мојсеј и свештеникот Елеазар во рамнините моавски кај Јордан, спроти Ерихон, велејќи: 4#2 Мојс 13,3„Пребројте ги сите од дваесет години и нагоре, како што заповеда Господ на Мојсеј и на синовите израелски, кога излегоа од египетската земја: 5#1 Мојс 46,9; 1 Лет 5,3Рувим, првороден син Израелов. Рувимови потомци: од Анох – родот Аноховци, од Палу – родот Палуовци, 6од Есром – родот Есромовци, од Карми – родот Кармиевци; 7тоа се Рувимовите родови: на број тие беа четириесет и три илјади седумстотини и триесет. 8#16,1Палуовите потомци: Елијав, 9и Елијавовите синови: Немуел, Датан и Авирон. Тоа се оние Датан и Авирон, претставници во Соборот, кои предизвикаа смут против Мојсеј и Арон заедно со групата на Кореј, кога тие предизвикаа бунт против Господ; 10#2 Мојс 15,12па земјата ја отвори устата своја и ги голтна заедно со Кореј: заедно со нив умреа и соучесниците нивни, кога оган изгоре двесте и педесет човека, и тие станаа за пример; 11#2 Мојс 6,24; 5 Мојс 5,9; 1 Цар 14,6; Ез 18,20; 2 Лет 25,4но синовите на Кореј не умреа. 12#1 Мојс 46,10; 1 Лет 4,24Симеоновите потомци според поколенијата нивни: од Немуел – Немуеловото поколение, од Јамин – Јаминовото поколение, од Јахин – Јахиновото поколение, 13од Зерах – Зераховото поколение, од Саул – Сауловото поколение; 14тоа се Симеоновите родови: дваесет и две илјади и двесте. 15#1 Мојс 46,16Гадови потомци според родовите нивни: од Цефон – родот Цефоновци, од Хагиј – родот Хагиевци, од Шуниј – родот Шуниевци, 16од Озниј – родот Озниевци, од Ериј – родот Ериовци, 17од Арод – родот Ародовци, од Арелиј – родот Арелиевци; 18тоа се родовите на Гадовите потомци, според пребројувањето нивно: четириесет илјади и петстотини. 19#1 Мојс 38,5Јудините потомци: Ер и Онан, Ер и Онан умреа во хананската земја; 20#1 Мојс 38,5.29; Ис.Н. 7,17Јудините синови според поколенијата нивни беа: од Сала – Салаовото поколение, од Фарес – Фаресовото поколение, од Зерах – Зераховото поколение. 21Фаресови синови беа: од Есром – Есромовото поколение, од Хамул – Хамуловото поколение; 22тоа се Јудините родови според пребројувањето нивно: седумдесет и шест илјади и петстотини. 23#1 Мојс 46,13Исахарови потомци според поколенијата нивни: од Тола – Толовото поколение, од Пуа – Пуиното поколение, 24од Јашув – Јашувовото поколение, од Шимрон – Шимроновото поколение; 25тоа се Исахаровите родови, според пребројувањето нивно: шеесет и четири илјади и триста. 26#1 Мојс 30,20; Суд 12,11-12Завулонови потомци според родовите нивни: од Серед – родот Середиев, од Елон – родот Елонов, од Јахлеел – родот Јахлеелов. 27Тоа се Завулоновите родови, според пребројувањето нивно: шеесет илјади и петстотини. 28#1 Мојс 41,52Јосифови потомци според поколенијата нивни: Манасија и Ефрем. 29#1 Мојс 50,23; Суд 11,1; 1 Лет; 7,14-19Манасиеви потомци: од Махир – Махирово поколение, од Махир се роди Галаад, од Галаад – Галаадово поколение. 30#1 Лет 7,14; Ис.Н. 17,3; 1 Лет 7,15Еве ги Галаадовите потомци: од Иезер – Иезеровото поколение, од Хелек – Хелековото поколение, 31од Азриил – Азрииловото поколение, од Шехем – Шехемовото поколение, 32од Шемида – Шемидаовото поколение, од Хефер – Хеферовото поколение. 33Салпаад, син Хеферов, немаше синови, туку само ќерки; имињата на Салпаадовите ќерки беа: Махла, Ноа, Хогла, Милка и Тирца. 34Тоа се Манасиевите поколенија; а на број тие беа педесет и две илјади и седумстотини. 35Еве ги Ефремовите потомци според родовите нивни: од Шутел – Шутеловиот род, од Бехер – Бехеровиот род, од Тахан – Тахановиот род. 36А еве ги Шутеловите потомци: од Еран – Ерановиот род. 37Тоа се родовите на Ефремовите потомци, според пребројувањето нивно: триесет и две илјади и петстотини. Тоа се Јосифовите потомци според поколенијата нивни. 38#1 Мојс 46,21; 1 Лет 8,40Венијаминовите потомци според поколенијата нивни: од Бела – Белаовото поколение, од Ашбел – Ашбеловото поколение, од Ахирам – Ахирамовото поколение; 39од Шефуфам – Шефуфамовото поколение; од Хуфам – Хуфамовото поколение. 40Синови на Бела беа: Арди и Нааман: од Ард – Ардово поколение, од Нааман – Наамановото поколение; 41тоа се Венијаминовите потомци според поколенијата нивни; а на број тие беа четириесет и пет илјади и шестотини. 42Еве ги Дановите потомци според родовите нивни: од Шухам – Шухамовиот род; тоа се родовите Данови според поколенијата нивни. 43А сите Шухамови родови според пребројувањето нивно беа: шеесет и четири илјади и четиристотини. 44Асирови потомци според поколението нивно: од Јимна – Јимнаовото поколение, од Јишви – Јишвиевото поколение, од Берија – Бериевото поколение. 45Од Бериевите синови, од Хевер – Хеверовото поколение, од Мелхиил – Мелхииловото поколение. 46Името на Асировата ќерка беше Зара. 47Тоа се поколенијата на Асировите потомци според пребројувањето нивно: педесет и три илјади и четиристотини. 48#1 Мојс 30,8Нефталимови потомци според родовите нивни: од Јахцеел – Јахцееловиот род, од Гуниј – Гуниевиот род; 49од Јецер – Јецеровиот род, од Шилем – Шилемовиот род; 50тоа се Нефталимовите родови според пребројувањето нивно: а на број тие беа четириесет и пет илјади и четиристотини. 51#2,32; 2 Мојс 12,37Тоа се влезените во пребројувањето синови израелски: шестотини и една илјада седумстотини и триесет.“
Упатства за поделба на земјата
52И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 53#Ис.Н. 11,23; Ез 45,8„Ним да им се подели земјата во наследство, според бројот на имињата; 54#33,54на помногубројните дај им поголем дел, а на помалубројните дај им помал дел: секому треба да му се даде дел сразмерно со бројот на влезените во пребројувањето; 55#3 Мојс 16,8; Ис.Н. 14,1-2земјата треба да се подели со ждрепка; тие треба да добијат наследство според имињата на нивните родови; 56со ждрепка да им се поделат нивните делови – како на многубројните, така и на малубројните.“
Второ пребројување на Левиевото колено
57 #
1 Мојс 46,11
А тоа се Левиевите родови што влегоа во пребројувањето според поколенијата свои: од Гирсон – Гирсоновото поколение, од Каат – Каатовото поколение, од Мерариј – Мерариевото поколение. 58Ова се Левиевите родови: родот Ливниев, родот Хеврониев, родот Махлиев, родот Мушиев, родот Кореов. Од Каат се роди Амрам. 59#2 Мојс 6,20Името на Амрамовата жена беше Јохевед, ќерка Левиева, која е родена од Левиевата жена во Египет, а таа му ги роди на Амрам Арон, Мојсеј и Мирјам, нивната сестра. 60#2 Мојс 6,23На Арон му се родија Надав и Авиу, Елеазар и Итамар; 61#3 Мојс 10,1-2но Надав и Авиу умреа, кога принесоа туѓ оган пред Господ. 62Сите од машки пол, од еден месец и нагоре, беа преброени дваесет и три илјади; тие не беа преброени заедно со синовите израелски, зашто не им беше даден дел меѓу синовите на Израел.
Завршување на пребројувањето
63Тоа се преброените од Мојсеј и свештеникот Елеазар, кои ги преброија синовите израелски во рамнините моавски кај Јордан, спроти Ерихон; 64меѓу нив немаше ни еден од оние, кои Мојсеј и свештеникот Арон ги преброија, кога ги пребројуваа синовите израелски во Синајската Пустина; 65#14,20-38; 1 Кор 10,5зашто Господ им беше рекол дека тие ќе изумрат во пустината. И никој од нив не остана, освен Јефунеовиот син Халев и Навиновиот син Исус.
Селектирано:
Броеви 26: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006