Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Броеви 21:4-9

Броеви 21:4-9 MK2006

Од планината Ор тие тргнаа кон Црвено Море, за да ја заобиколат земјата Едом. И по патот народот се обес­храбри; и зборуваа луѓето против Бога и против Мојсеј: „Зошто нѐ изведе од Еги­пет, па да умреме во пустинава: тука нема ни леб, ни вода, а во душата ни омрзна таа лоша храна?“ И испрати Господ против народот отровни змии, кои го касаа народот, и многу луѓе изумреа од синовите израелски. И дојде народот кај Мојсеј и рече: „Згрешивме кога се побунивме против Господ и против тебе; помоли Му се на Господ да ги отстрани од нас змиите.“ И Мојсеј се помоли за народот. И му рече Господ на Мојсеј: „На­прави змија и закачи ја на стап, каснатиот штом ќе ја погледне, ќе остане жив.“ И направи Мојсеј бакарна змија и ја закачи на стап, и кога некоја змија ќе каснеше некој човек, тој штом ќе ја погледнеше бакарната змија, останува­ше жив.