Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Броеви 18

18
1 # 2 Мојс 28,38; Евр 7,25-28 И му рече Господ на Арон: „Ти и синовите твои и татковиот ти дом заедно со тебе, ќе го понесете врз себе гревот за немарноста во свети­лиштето; и ти и синовите твои заедно со тебе ќе го понесете врз себе гревот за неисправноста на свештенодејствието свое. 2Земи ги кај себе браќата твои, од племето Левиево од родот на таткото твој; нека бидат тие кај тебе и нека ти служат, а ти и синовите твои заедно со тебе бидете при скинијата на откровението; 3и тие нека ти служат на тебе и на целата скинија; само да не се добли­жуваат до светите садови и до жртве­никот, за да не умрете и вие, и тие. 4#3,10Нека бидат тие при тебе и да служат во скинијата на собранието, вршејќи ја и сета работа во скинијата; а човек надворешен да не пристапува кон тебе. 5Така извршувајте ја службата во светилиштето и при жртвеникот, за да нема во иднина гнев против синовите на Израел; 6#Езд 2,43-54зашто вашите браќа, левитите, Јас ги зедов од синовите на Израел и ви ги дадов вам како дар што Му е даден на Господ, за да служат при скинијата на собранието; 7#2 Мојс 29,9; Евр 5,4; 9,3.6а ти и синовите твои заедно со тебе пазете го свештенството свое со сѐ што му припаѓа на жртвеникот и што е внат­ре зад завесата, и служете. Јас ви подарувам служба свештена, а надворешен кој ќе се доближи, да биде убиен.“
Приходите на свештениците
8 # 3 Мојс 7,7-14; 7,29-36; Ез 44,28-30 И му рече Господ на Арон: „Ете, Јас ти ги поверувам на тебе сите осветени дарови што за Мене ги принесуваат синовите израелски. Тебе ти ги давам и на синовите твои преку вечна наредба. 9#3 Мојс 6,17-18Еве што ти припаѓа на тебе од свештените жртви, освен она што се изгорува: секој лебен принос, и секоја жртва за грев, и секоја жртва за вина што тие Ми ја принесуваат. Тоа е голема светиња за тебе и за синовите твои. 10Тоа да го јадете на најсвето место. Секој од машки пол може да го јаде; тоа да ти биде свето. 11#2 Мојс 29,24-26; 3 Мојс 7,30И ова да биде ваше – од првините што се принесуваат, од сѐ што се вознесува од синовите израелски преку вечен закон ти го дадов тебе, и на синовите твои, и на ќерките твои заедно со тебе; секој чист во куќата твоја може да јаде од тоа. 12#1 Мојс 4,3; 5 Мојс 26,1-4; Неем 10,37Најдоброто од маслото, најдоброто од виното и од житото – сите нивни првини што тие Му ги принесуваат на Господ, твои да се; 13#2 Мојс 29,27и сите првини од плодовите на земјата нивна што Му ги принесуваат на Господ, твои нека бидат; секој чист од куќата твоја може да го јаде тоа. 14#2 Мојс 13,11-16; 3 Мојс 27,21; Ис.Н. 6,17-19Сѐ што е ставено под клетва во земјата израелска, да биде твое. 15#2 Мојс 13,2.13; 34,19-20И сѐ она што ја отвора утробата во секоја плот, а се принесува на Господ, од луѓе и од добиток, да биде твое. Само првородените од луѓето и од нечистиот добиток да бидат откупувани. 16#2 Мојс 30,13; 3 Мојс 27,6Кога ќе бидат на возраст од еден месец и нагоре, можат да бидат откупувани. Земај откуп по фиксна цена: пет шекели сребрени, според свештениот шекел, кој има дваесет гери; 17#2 Мојс 29,13; 3 Мојс 1,9но за првороденото теле, и за првороденото од овците, и за првороденото од козите не земај откуп: тие се свети; со крвта нивна попрскај го жртвеникот, а лојот изгори го како жртва за благопријатен мирис на Господ; 18#3 Мојс 7,30а месото нивно, пак, ти припаѓа тебе, како што ти припаѓаат градите за возношение и десната плешка.“ 19#3 Мојс 2,13Сите вознесувани свети дарови кои синовите на Израел Му ги принесуваат на Господ, преку вечно озаконување ти ги давам тебе и на синовите твои и на ќерките твои; тоа е завет постојан, ве­чен пред Господ, даден за тебе и за потомството твое заедно со тебе. 20#5 Мојс 10,9; 12,12; Ис.Н. 13,33; Ез 44,28И му рече Господ на Арон: „Од земјата нивна ќе немаш наследство и дел нема да имаш меѓу нив, бидејќи Јас сум твојот дел и твоето наследство меѓу синовите на Израел.“
Приходите на левитите
21 # 1 Мојс 28,22; 3 Мојс 27,30-33; 5 Мојс 14,22-29; Мал 3,8; Неем 10,37; Евр 7,5 „А на Левиевите синови, ете, Јас им дадов како дел десеток од сѐ што има Израел, за службата нивна што ја вршат во скинијата на собранието. 22#2 Мојс 28,43И по сево ова синовите израелски да не пристапуваат до скинијата на собранието, за да не згрешат и да не умрат. 23#5 Мојс 10,9; Ез 44,10Левитите сами нека ја вршат служ­бата во скинијата на собранието и да го носат врз себе нивниот грев. Тоа е вечно озаконување во поколенијата ва­ши; но меѓу синовите на Израел тие нема да добиваат дел; 24#3 Мојс 27,30; 5 Мојс 26,12бидејќи на левитите им го давам како дел десетокот од синовите израелски што тие го принесуваат за возно­шение пред Господ, затоа и им реков: меѓу синовите израелски тие нема да наследуваат дел.“ 25И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи: 26#Неем 10,38„Кажи им на левитите и речи им: кога го земате од синовите израелски десетокот што ви го дадов од нив како дел, вознесувајте Му од него воз­но­ше­ние на Господ: од десетокот – десеток. 27#5 Мојс 15,14; 1 Сам 23,1; Рута 3,3.6И тоа ваше возношение ќе ви се прими како жито од гумно и како сок од грозје; 28#Мал 3,8така и вие вознесувајте Му воз­ношение на Господ, од сите ваши десетоци што ги земате од синовите израелски, и давајте го осветениот дар од нив за возношение Господово на свеште­никот Арон. 29Од сѐ што ви се дарува, принесувајте Му возношение на Господ, од сѐ што е најдобро и што се осветува. 30И кажи им: кога ќе принесувате најдоброто од тоа, ќе им се смета на левитите како добивка од гумно и како добивка од преса за грозје. 31#Лк 10,7; 1 Кор 9,13Можете да го јадете тоа на секое место, вие и вашите семејства, зашто тоа ви е награда за вашата служба во скинијата на собранието; 32#3 Мојс 19,8; 22,15и нема да се огрешите ако го принесувате најдоброто од тоа; и нема да ги оскверните светите приноси на сино­вите израелски, и нема да умрете.“

Селектирано:

Броеви 18: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се