Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Неемија 5:14-19

Неемија 5:14-19 MK2006

Од тој ден, кога бев назначен за нивен управител во јудејската земја, од дваесеттата година до триесет и втората година од владеењето на царот Артаксеркс, во текот на дванаесет години, јас и браќата мои никогаш не ги собиравме даноците за управителот. А поранешните управители, што беа пред мене, го оптоваруваа народот и земаа од него жито и вино, освен четириесетте шекели сребро; дури и слугите нивни владееја над народот. Но јас не правев така поради страв Божји. Притоа, јас ги поттикнував рабо­тите околу изградбата на овој ѕид; и ниви не купувавме, а сите мои слуги се собираа таму на работа. Кај мене на трпезата имаше по сто и педесет души Јудејци и началници, покрај оние што доаѓаа кај нас од околните народи. И, еве, што се приготвуваше за еден ден: еден бик, шест одбрани овци и птици се готвеа кај мене; и секои десет дена се набавуваа различни вина во изобилие. И покрај сето тоа, јас не земав управителски данок, зашто тешка работа лежеше врз тој народ. Боже мој, спомни ме мене за сето добро што го направив за овој народ!