Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Неемија 5

5
Неемија става крај на социјалните неправди
1 # Ер 34,8-22 Се крена голем врисок од луѓето и нивните жени, против Јудејци­те, браќата нивни. 2Имаше едни, кои велеа: „Ние, синовите наши и ќерките наши сме многу; и ние би сакале да си набавиме жито, да се храниме и да живееме.“ 3#1 Мојс 47,23; Пс 109,11Имаше и такви, кои велеа: „Ги зало­жуваме нивите свои, лозјата свои и куќите свои за да си набавиме жито при овој глад.“ 4#Езд 4,13Имаше и такви, кои велеа: „Ние позајмуваме сребро за царскиот данок за нивите и лозјата свои; 5#3 Мојс 25,39; 2 Цар 4,1; Амос 2,6ние имаме исти тела, какви што се телата на браќата наши, и синовите ни се такви, какви што се нивните синови, а ете, ние сме должни да ги даваме синовите свои и ќерките свои за слуги, а, пак некои наши ќерки веќе се наоѓаат во ропство. Нема никакви средства за откуп во рацете наши; и нивите наши и лозјата наши се во рацете на големците.“ 6Кога го слушнав нивното леле­кање и тие зборови, многу се јадосав. 7#2 Мојс 22,25-27; 3 Мојс 25,35-37; 5 Мојс 23,19-20Срцето мое се возбуди, и јас строго ги прекорив првенците и војводите, ве­лејќи им: „Вие земате лихва од браќата свои.“ И свикав против нив голем собир, 8#3 Мојс 25,47па им реков: „Ние, според силите свои, ги откупуваме браќата свои Ју­дејци, продадени на народите, а вие ги продавате браќата свои, и тие ни се продаваат нам?“ Тие молчеа и не знаеја што да одговорат. 9#Ис 52,5Тогаш реков: „Не е добро тоа што го правите. Нели треба да одите во страв пред нашиот Бог за да го одбегнете потсмевот на народите, нашите непријатели? 10#2 Мојс 22,25И јас и браќата мои и оние што служат кај мене им даваме на заем и сребро и жито: да им го простиме тој долг. 11#Ис 58,6Вратете им ги уште денес нивните ниви, лозјата нивни и маслиновите градини нивни, и куќите нивни, и лихвата од среброто, житото, виното и маслото што сте го зеле од нив.“ 12#Езд 10,5А тие одговорија: „Ќе го вратиме и нема ништо да бараме од нив; ќе направиме така, како што велиш.“ Тогаш ги повикав свештениците и им заповедав да се заколнат дека ќе направат така. 13#8,6; 5 Мојс 27,15Па ја истресов облеката своја и реков: „Така да го истресе Бог секој човек што нема да го одржи тој збор од домот негов, од имотот негов, и така да биде во него истресено и празно сѐ!“ И целото собрание рече: „Амин!“ и Го прославија Бога; и народот го одржа тој збор. 14#2,6; Ер 40,7Од тој ден, кога бев назначен за нивен управител во јудејската земја, од дваесеттата година до триесет и втората година од владеењето на царот Артаксеркс, во текот на дванаесет години, јас и браќата мои никогаш не ги собиравме даноците за управителот. 15А поранешните управители, што беа пред мене, го оптоваруваа народот и земаа од него жито и вино, освен четириесетте шекели сребро; дури и слугите нивни владееја над народот. Но јас не правев така поради страв Божји. 16#2 Сол; 3,7-10Притоа, јас ги поттикнував рабо­тите околу изградбата на овој ѕид; и ниви не купувавме, а сите мои слуги се собираа таму на работа. 17Кај мене на трпезата имаше по сто и педесет души Јудејци и началници, покрај оние што доаѓаа кај нас од околните народи. 18И, еве, што се приготвуваше за еден ден: еден бик, шест одбрани овци и птици се готвеа кај мене; и секои десет дена се набавуваа различни вина во изобилие. И покрај сето тоа, јас не земав управителски данок, зашто тешка работа лежеше врз тој народ. 19#1 Мојс 8,1; 2 Цар 20,3Боже мој, спомни ме мене за сето добро што го направив за овој народ!

Селектирано:

Неемија 5: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност