Кога слушнаа Санавалат и Товија, и Арабјаните, и Амонците, и Ашдодците, дека ерусалимските ѕидови се возобновуваат и дека расипаното почна да се поправа, многу се разгневија. И се договорија да одат заедно да војуваат против Ерусалим и да го разрушат. А ние Му се молевме на нашиот Бог и поставивме спроти нив стража дење и ноќе за да се спасиме од нив. Но Јудејците рекоа: „Ослабна силата на носачите, а земја од урнатините има многу; не можеме да го градиме ѕидот.“ А непријателите наши, пак, велеа: „Нема да успеат и нема да видат, кога наеднаш ќе влеземе меѓу нив, ќе ги убиеме, и ќе ја запреме работата.“ Доаѓаа Јудејците што живееја до нив, и ни говореа на десетина пати од сите места дека ќе нѐ нападнат
Прочитај Неемија 4
Сподели
Спореди ги сите верзии: Неемија 4:1-6
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа