Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Неемија 4

4
Неемија ги вооружува работниците
1 # 2,10 Кога слушнаа Санавалат и Товија, и Арабјаните, и Амонците, и Аш­додците, дека ерусалимските ѕи­дови се возобновуваат и дека расипаното почна да се поправа, многу се разгневија. 2#Ер 26,18; Пс 79,1И се договорија да одат заедно да војуваат против Ерусалим и да го разрушат. 3А ние Му се молевме на нашиот Бог и поставивме спроти нив стража дење и ноќе за да се спасиме од нив. 4#Ер 33,24; Пс 123,3-4Но Јудејците рекоа: „Ослабна силата на носачите, а земја од урнатините има многу; не можеме да го градиме ѕидот.“ 5#2 Цар 14,27; Ис 2,9; Ер 18,23; Пс 69,26-27А непријателите наши, пак, велеа: „Нема да успеат и нема да видат, кога наеднаш ќе влеземе меѓу нив, ќе ги убиеме, и ќе ја запреме работата.“ 6Доаѓаа Јудејците што живееја до нив, и ни говореа на десетина пати од сите места дека ќе нѐ нападнат, 7#2,10тогаш по ниските места на градот, зад ѕидот, по сувите места, го пос­троија народот по родови со мечевите нивни, со копјата нивни и со лаковите нивни. 8#Пс 2,2; 83,1-4Па погледнав и станав, та им реков на првенците и војводите и на другиот народ: „Не плашете се од нив; спомнете си за Господ Кој е величествен и влева страхопочит и бијте се за браќата свои, за синовите свои, за ќерките свои, за жените свои и за к­уќите свои.“ 9Кога слушнаа нашите непријатели дека ни е познато што кројат, тогаш Бог го растури нивниот заговор, и ние сите се вративме кај ѕидот, секој на својата работа. 10Од тој ден половина од моите слуги работеа на изградбата, а другата поло­вина стоеше со копја, штито­ви, лакови и оклопи; а нивните водачи беа зад це­лиот дом Јудин. 11Оние што го градеа ѕидот и носеа товари, така го правеа тоа, што со едната рака ја извршуваа работата, а во другата рака држеа копје. 12Сите градители беа препашани со меч околу половината, и така градеа, а до мене беше трубачот. 13И им реков на водачите и начал­ниците и на другиот народ: „Работата е голема и нашироко распространета, а ние сме распрснати по ѕидот и од­далечени едни од други; 14#1 Мојс 28,15; 5 Мојс 1,29; 2 Сам 10,12затоа, од каде ќе чуете звук на труба, накај тоа место собирајте се кон нас: нашиот Бог ќе се бори за нас.“ 15Така ја теравме работата; и поло­вината ги држеа копјата откако зората ќе се појави, сѐ додека ѕвездите да из­лезат. 16Освен тоа, истовремено му бев порачал на народот сите да ноќеваат во Ерусалим, заедно со слугите свои за да бидат тие кај нас ноќе на стража, а дење на работа. 17#Пс 149,6И ниту јас, ниту браќата мои, ниту стражарите што ме придружу­ваа, не ги соблекувавме облеките свои, и секој од нас имаше при рака меч и вода.

Селектирано:

Неемија 4: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се