Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Неемија 1:1-11

Неемија 1:1-11 MK2006

Зборовите на Неемија, синот на Хахалија. Во месецот кислев, во дванаесеттата година, кога јас бев во престолниот град Суза, дојде Ананија, еден од моите бра­ќа, – тој и неколку мажи од Јудеја. И јас ги прашав за спасените Јудејци што го избегнаа ропството, и за Ерусалим. А тие ми рекоа: „Оние што останаа незаробени, се наоѓаат таму, во земјата своја, и се во голема неволја и понижу­вање; а ѕидовите на Ерусалим се урна­ти, и портите негови – со оган изгоре­ни.“ Кога ги чув тие зборови, седнав и заплакав и бев нажален неколку дена, постев и се молев пред Бога небесен, и реков: „Господи, Боже небесен, Боже величествен и страшен, Кој го па­зиш заветот и милоста кон оние што Те сакаат и постапуваат според Твоите за­поведи! Ушите Твои нека бидат внимателни и очите Твои отворени за да ја чујат молитвата на Твојот слуга, со која сега се молам дење и ноќе пред Тебе за синовите Израелови, слугите Твои, и се исповедувам за гревовите на синовите Израелови, со кои згрешивме пред Те­бе; згрешивме – јас и домот на мојот татко. Ние станавме престапници пред Тебе и не ги запазивме ни заповедите, ни наредбите, ни законите што ги беше дал на Мојсеј, Твојот слуга. Но присети се на зборот што му го беше дал на Мојсеј, Твојот слуга, ве­лејќи: ‚Ако станете престапници, ќе ве растурам меѓу народите, а кога ќе се обратите кон Мене и ќе ги пазите Моите заповеди и ќе ги из­вршувате, тогаш, макар да сте изго­нети и на крајот од небото, и оттаму ќе ве приберам и ќе ве одведам на местото што сум го одбрал за да го воведам таму името Свое.‘ А тие се Твои слуги и Твој народ што Си го откупил со големата Своја сила и со моќната Своја рака. Ти се молам, Господи, нека биде увото Твое внимателно кон молитвата на Твојот слуга и кон молитвата на Твоите слуги, кои сакаат да го страхопочитуваат името Твое. Помогни му денес на Твојот слуга и воведи го во милоста пред очите на тој човек!“ То­гаш јас бев винар кај царот.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност