Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Наум 2

2
1 # 1,11; Ис 52,7-10 Ете, по горите се стапките на благовесникот, кој најавува мир: праз­нувај ги, Јудејо, твоите празници, извр­шувај ги заветите свои, зашто преку тебе нема веќе да минува нечестивиот; тој е наполно уништен.
Пророштво за разурнување на градот Ниневија
2 # Ис 5,26-30; 21,2; Ер 5,15; 6,22-30 Се крева против тебе уништувач: па­зи ги тврдините, чувај го патот, зацврс­ти ги бедрата, собирај сили. 3#Ис 5,1; Пс 80,14Зашто Господ ќе го обнови вели­чието на Јаков, како величието на Из­раел, зашто пакосници ги запустија и лозјата им ги сотреа. 4Штитовите на неговите јунаци се црвенеат: војниците негови носат пурпурни облеки; колите бојни ќе фрлаат оган во денот кога ќе ги построи; напа­ѓачите ќе се исправат. 5Колите ќе траскаат по улиците и ќе се судираат една со друга, ќе изгледаат како запалени факли, и ќе светкаат како молњи. 6Тој ги повикува јунаците свои, се фрлаат во рововите, брзаат кон ѕидините на градот, опсадата е веќе подготвена. 7Градските порти кај реките се отвораат, палатата трепери. 8Решено е: Господарката ќе биде во плен одведена, а слугинките нејзини ќе тагуваат како гулаби, удирајќи се в гради. 9Ниневија, откако беше основана, беше како преполнето езеро, а тие бе­гаат пред нејзините води. „Стојте, стој­те!“ Но никој не се свртува да погледа. 10Грабајте сребро, грабајте злато; нема крај на натрупаните скапоцени работи. 11#Ис 13,7-8; Ер 4,31; 30,6; Јоил 2,6; Дан 5,6Ограбена, опустошена и разурната е таа – срцата се топат, колената трепе­рат; сите чувствуваат болки во бедрата, а лицата им се пребледени. 12#Ер 4,7; Ос 5,14; Мих 5,7Каде е сега леглото на лавовите и пасиштата на лавчињата, каде што одеа лав, лавица и лавче, и никој не ги пла­шеше? 13Каде е лавот што грабаше за да им носи на лавчињата и им даваше на лавиците, полнејќи ги со плен пеште­рите свои и леглата свои со грабеж? 14#3,5Ете, Јас сум против тебе, вели Гос­под Саваот, и ќе ги претворам во дим твоите бојни коли, и меч ќе ги исече лавчињата твои, и ќе го истребам од земјата грабежот твој; повеќе нема да се чуе гласот на твоите пратеници.

Селектирано:

Наум 2: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се