Наум 2
2
1 #
1,11; Ис 52,7-10 Ете, по горите се стапките на благовесникот, кој најавува мир: празнувај ги, Јудејо, твоите празници, извршувај ги заветите свои, зашто преку тебе нема веќе да минува нечестивиот; тој е наполно уништен.
Пророштво за разурнување на градот Ниневија
2 #
Ис 5,26-30; 21,2; Ер 5,15; 6,22-30 Се крева против тебе уништувач: пази ги тврдините, чувај го патот, зацврсти ги бедрата, собирај сили. 3#Ис 5,1; Пс 80,14Зашто Господ ќе го обнови величието на Јаков, како величието на Израел, зашто пакосници ги запустија и лозјата им ги сотреа. 4Штитовите на неговите јунаци се црвенеат: војниците негови носат пурпурни облеки; колите бојни ќе фрлаат оган во денот кога ќе ги построи; напаѓачите ќе се исправат. 5Колите ќе траскаат по улиците и ќе се судираат една со друга, ќе изгледаат како запалени факли, и ќе светкаат како молњи. 6Тој ги повикува јунаците свои, се фрлаат во рововите, брзаат кон ѕидините на градот, опсадата е веќе подготвена. 7Градските порти кај реките се отвораат, палатата трепери. 8Решено е: Господарката ќе биде во плен одведена, а слугинките нејзини ќе тагуваат како гулаби, удирајќи се в гради. 9Ниневија, откако беше основана, беше како преполнето езеро, а тие бегаат пред нејзините води. „Стојте, стојте!“ Но никој не се свртува да погледа. 10Грабајте сребро, грабајте злато; нема крај на натрупаните скапоцени работи. 11#Ис 13,7-8; Ер 4,31; 30,6; Јоил 2,6; Дан 5,6Ограбена, опустошена и разурната е таа – срцата се топат, колената треперат; сите чувствуваат болки во бедрата, а лицата им се пребледени. 12#Ер 4,7; Ос 5,14; Мих 5,7Каде е сега леглото на лавовите и пасиштата на лавчињата, каде што одеа лав, лавица и лавче, и никој не ги плашеше? 13Каде е лавот што грабаше за да им носи на лавчињата и им даваше на лавиците, полнејќи ги со плен пештерите свои и леглата свои со грабеж? 14#3,5Ете, Јас сум против тебе, вели Господ Саваот, и ќе ги претворам во дим твоите бојни коли, и меч ќе ги исече лавчињата твои, и ќе го истребам од земјата грабежот твој; повеќе нема да се чуе гласот на твоите пратеници.
Селектирано:
Наум 2: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006