Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 8:27-36

Марко 8:27-36 MK2006

И излезе Исус со учениците Свои по селата на Кесарија Филипова. По па­тот ги праша учениците Свои и им ре­че: „За кого Ме мислат луѓето?“ Тие одговорија: „За Јован Крс­ти­тел, некои за Илија, а други, пак, за не­кој од пророците.“ Тој, пак, им рече: „А вие, за кого Ме мислите?“ Петар Му одговори и ре­че: „Ти си Христос!“ И им заповеда никому да не говорат за Него. Па почна да ги учи дека Синот Чо­вечки треба многу да пострада, да биде отфрлен од старешините, првосвеш­те­ниците и книжниците, и да биде убиен и на третиот ден да воскресне. И говореше за тоа отворено. Но Петар, Го повлече настрана и почна да Го одвраќа. А Тој, кога се заврте и ги погледна учениците Свои, му забрани на Петар да говори и рече: „Бегај од Мене, сата­но! Зашто не мислиш на она што е Божјо, туку на она што е човечко!“ И кога го повика народот и уче­ниците Свои, им рече: „Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, и нека го земе крстот свој и нека оди по Мене. Зашто, кој сака да го спаси својот живот, ќе го загуби; а кој го загуби жи­вотот свој заради Мене и Евангелието, тој ќе го спаси. Зашто каква полза има човек, ако го придобие целиот свет, а на душата своја ѝ напакости?

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Марко 8:27-36

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност