И пак излезе Исус од пределите Тирски и Сидонски и отиде кон Галилејското Море, низ пределите на Десеттоградието. И доведоа кај Него еден глув и тепкав, па Го молеа да положи над него рака. Исус, откако го одведе настрана од народот, ги стави Своите прсти во неговите уши; а кога плукна, го допре неговиот јазик; потоа погледна на небото, воздивна и му рече: „Ефата!“ – што значи: „Отвори се!“ И веднаш му се отвори слухот, и се разврзаа врските на неговиот јазик и говореше чисто.
Прочитај Марко 7
Слушај Марко 7
Сподели
Спореди ги сите верзии: Марко 7:31-35
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа