Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 6:34-44

Марко 6:34-44 MK2006

А Исус, кога излезе, виде многу на­род и се смилува над нив, зашто беа ка­ко овци без пастир; и почна да ги поу­чу­ва многу. И бидејќи веќе времето поизмина, учениците Негови пристапија кон Него и рекоа: „Овде е местово пусто, а и доцна е; распушти ги за да отидат по околните села и колиби и да си купат леб, зашто нема што да јадат.“ Тој им одговори и рече: „Дајте им вие да јадат!“ А тие Му рекоа: „Да пој­деме и да купиме за двесте денарии леб, па да им дадеме да јадат?“ Потоа Тој ги праша: „Колку лебови имате? Отидете и видете!“ И кога видоа рекоа: „Пет леба и две риби.“ Тогаш Исус им рече на сите да по­седнат на купчиња по зелената трева. И поседнаа во групи по сто и по пе­десет. Тој ги зеде петте леба и двете риби, па, погледна кон небото, ги благослови лебовите и ги прекрши, и им ги даде на учениците Свои, за да им ги стават пред нив; исто така им ги раздели и двете ри­би на сите. И јадеа сите и се наситија. И собраа парчиња, од лебот и од ри­бите, полни дванаесет кошеви. А оние, што јадеа од лебовите, беа околу пет илјади мажи.