Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 5:35-43

Марко 5:35-43 MK2006

Додека Тој уште зборуваше, дојдоа од кај началникот на синагогата и ре­коа: „Ќерка ти умре; што Му создаваш уште труд на Учителот!“ Но Исус, откако ги чу тие зборови, му рече на началникот на синагогата: „Не плаши се, само верувај!“ И никому не му дозволи да оди со Него, освен на Петар, на Јаков, и на Јо­ван, братот на Јаков. Дојде во куќата на началникот на синагогата и виде растревоженост, пла­чење и силно врискање. И кога влезе, им рече: „Што сте се развикале и расплакале? Девојчето не е умрено, туку спие!“ А тие Му се потсмеваа. Тој, пак, от­како ги истера сите, ги зеде таткото и мајката на девојчето и оние што беа со Него, и влезе каде што лежеше де­вој­че­то. И кога ја фати раката на девојчето, рече: „Талита, куми!“ – што значи: „Де­војко, тебе ти велам, стани!“ И девојката одеднаш стана и почна да оди. А имаше дванаесет години. И сите се зачудија многу. А Тој строго им заповеда, никој да не разбере за тоа и рече: „Дајте ѝ да ја­де!“