И Му се случи во саботен ден да минува преку нивјето, и врвејќи, учениците Негови почнаа да кинат класје. А фарисеите Му рекоа: „Гледај, зошто го прават учениците во сабота тоа, што не треба да се прави?“ Но Тој им рече: „Зар никогаш не сте читале што направи Давид, кога огладне тој и оние, што беа со него? Како влезе во храмот Божји, во времето на првосвештеникот Авијатар, ги изеде приставените лебови од жртвеникот, што не требаше да ги јаде никој друг освен свештениците, па им даде и на оние, што беа со него!“ Потоа продолжи: „Саботата е создадена за човекот, а не човекот за саботата. Па така, Синот Човечки е господар и на саботата.“
Прочитај Марко 2
Слушај Марко 2
Сподели
Спореди ги сите верзии: Марко 2:23-28
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа