Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 14:66-72

Марко 14:66-72 MK2006

Кога Петар беше долу во дворот, дојде една од слугинките на прво­свеш­теникот, па, штом го виде Петар како се грее, погледна во него и рече: „И ти бе­ше со Исус од Назарет.“ Но тој одрече, велејќи: „Не знам, ниту разбирам што говориш.“ И излезе надвор пред дворот и запеа петел. Слугинката, кога го виде повторно, почна да им зборува на оние што стоеја таму: „И овој е од нив!“ Тој пак одрече. Подоцна, оние, што стоеја таму, му рекоа на Петар: „Навис­тина, и ти си од нив; бидејќи си Га­ли­ле­ец, а и говорот ти е таков!“ А тој почна да се колне и се заколна: „Не Го познавам Овој Човек, за Ко­го говорите!“ И по вторпат петел запеа. Петар се сети на зборовите, што му ги кажа Исус: „Уште пред двапати петел да за­пее, трипати ќе се одречеш од Мене.“ И почна да плаче.