Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 14:32-72

Марко 14:32-72 MK2006

Пристигнаа во пределот, по име Гетсиманија; и им рече на учениците Свои: „Седете овде, додека отидам да се помолам!“ И ги зеде со Себе Петар, Јаков и Јо­ван; се замисли и почна да тагува, па им рече: „Душата Ми е до смрт нажалена; останете тука и бидете буд­ни!“ И штом се оддалечи малку, се фрли на земја и се молеше, за да Го одмине овој час, ако е можно; и велеше: „Ава, Оче! Сѐ е можно за Тебе; отклони ја од Мене оваа чаша; се­пак не како Јас што сакам, туку како Ти!“ Па дојде и ги затече да спијат, и му рече на Петар: „Симоне, спиеш ли? Не можеше ли еден час да бидеш буден? Бидете будни и молете се да не паднете во искушение: духот е бодар, но телото е слабо.“ И пак отиде и се помоли, изгова­рај­ќи ги истите зборови. А кога се врати, ги најде пак како спијат, зашто очите им беа натежнале; и не знаеја што да Му одговорат. И по третпат дојде и им рече: „Са­мо спиете и почивате! Свршено е, дојде часот; еве, се предава Синот Човечки во рацете на грешници. Станете да одиме! Еве, наближи оној што Ме предава.“ И веднаш, додека Тој сѐ уште гово­реше, Јуда, еден од дванаесетте, дојде, и со него многу народ со мечеви и со ста­пови, испратени од првосвештениците, книжниците и старешините. А оној, што Го предаваше, им беше дал знак, велејќи: „Кого ќе Го целивам, Тој е: фатете Го и водете Го претпазливо!“ Па, кога дојде, веднаш се приближи до Него и рече: „Рави!“ И Го целива. А тие ги кладоа рацете свои на Не­го и Го фатија. Еден, пак, од оние, што стоеја таму, извади нож, го удри слугата на прво­свештеникот и му го отсече увото. Исус им одговори и рече: „Зар како на разбојник сте излегле со ножеви и колови, за да Ме фатите? Секој ден бев со вас во храмот и по­учував, и не Ме фативте. Но, нека се ис­полнат Писмата.“ И откако Го оставија, сите се разбегаа. А по Него врвеше еден млад човек, наметнат со платниште на голо тело; и војниците го фатија. Но тој, кога го остави платништето, побегна од нив необлечен. И Го доведоа Исус кај прво­свеш­те­никот, и се собраа таму сите прво­свеш­теници, старешини и книжници. А Петар врвеше по Него оддалеку и влезе внатре, во дворот на прво­свеш­теникот; па седна со слугите и се гре­е­ше на огнот. Првосвештениците и целиот Синед­рион бараа сведоштва против Исус, за да Го убијат, и не наоѓаа. Зашто мнозина лажно сведочеа против Него, но тие сведоштва не се сложуваа. И станаа некои, па сведочеа лажно против Него, велејќи: „Чувме кога Тој говореше: ‚Ќе го урнам овој ракотворен храм и по три дни ќе соѕидам друг, неракотворен.‘“ Но ни тоа нивно сведочење не беше еднакво. И првосвештеникот, откако застана на средина, Го праша Исуса говорејќи: „Ништо ли не одговараш? Што све­до­чат овие против Тебе?“ Но Тој молчеше и ништо не одгова­раше. Првосвештеникот пак Го праша и Му рече: „Ти ли си Христос, Синот на Благословениот?“ Исус рече: „Јас сум; и ќе Го видите Синот Човечки како седи од десната страна на Силата и како иде на обла­ци­те небески.“ А првосвештеникот, пак, ја раскина облеката своја, рече: „Зошто ни се по­веќе сведоци? Чувте како хули на Бога; што мислите?“ И сите тие се согласија дека за­служува смрт. А некои почнаа да плукаат на Него, да Му го покриваат лицето, да Го уди­ра­ат и да Му велат: „Проречи!“ И слу­гите Го удираа по образите. Кога Петар беше долу во дворот, дојде една од слугинките на прво­свеш­теникот, па, штом го виде Петар како се грее, погледна во него и рече: „И ти бе­ше со Исус од Назарет.“ Но тој одрече, велејќи: „Не знам, ниту разбирам што говориш.“ И излезе надвор пред дворот и запеа петел. Слугинката, кога го виде повторно, почна да им зборува на оние што стоеја таму: „И овој е од нив!“ Тој пак одрече. Подоцна, оние, што стоеја таму, му рекоа на Петар: „Навис­тина, и ти си од нив; бидејќи си Га­ли­ле­ец, а и говорот ти е таков!“ А тој почна да се колне и се заколна: „Не Го познавам Овој Човек, за Ко­го говорите!“ И по вторпат петел запеа. Петар се сети на зборовите, што му ги кажа Исус: „Уште пред двапати петел да за­пее, трипати ќе се одречеш од Мене.“ И почна да плаче.