Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 13:24-37

Марко 13:24-37 MK2006

Во тие дни, по маките, сонцето ќе потемни и месечината нема да ја дава својата светлина, и ѕвездите небески ќе паѓаат, и си­лите, што се на небото, ќе попуштат. И тогаш ќе Го видат Синот Чо­веч­ки, како иде на облаци со голема сила и слава. Тогаш Тој ќе ги испрати ангелите Свои и ќе ги собере Своите избрани од четирите ветра, од крајот на земјата до крајот на небото. Со смоквата направете споредба: кога нејзините гранки се подмладуваат и пуштаат лисја, знаете дека е близу ле­тото. Па така и вие, кога ќе видите дека сето тоа се случува, знајте дека е близу, пред врата! Вистина ви велам: нема да помине овој род, додека сето тоа не се исполни. Небото и земјата ќе исчезнат, но зборовите Мои нема да исчезнат!“ „А за тој ден и час никој не знае, ни ангелите небесни, ниту Синот, а само Отецот. Внимавајте, бидете будни и молете се, зашто не знаете кога ќе биде часот. Како човек, кој заминувајќи, ја ос­тава куќата своја и им дава власт на слугите свои, секому своја работа, на вратарот му заповеда да биде буден. Бидете будни, зашто не знаете кога ќе дојде домаќинот на куќата, прик­ве­чер ли, или на полноќ, или петлите кога ќе пропеат, или наутро, па да не дојде ненадејно и да ве за­тече како спиете. Што ви зборувам вам, им го зборувам на сите: Бидете будни!“