Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 10:1-12

Марко 10:1-12 MK2006

И откако стана Исус оттаму, преми­на во пределите Јудејски, пре­ку страната што е отаде Јордан. И пак се слеваше народ кон Него; а Тој, по Својот обичај, ги поучуваше. И пристапија фарисеите и Го пра­шаа, искушувајќи Го: „Допуштено ли е, да ја остави човек својата жена?“ А Тој им одговори и рече: „Како ви заповеда Мојсеј?“ Тие рекоа: „Мојсеј дозволи да се на­пише разводно писмо и да се отпушти.“ Одговори Исус и им рече: „Поради вашето жестоко срце ви ја напишал таа заповед. Во почетокот на создавањето, пак, Бог ги создаде машко и женско. Затоа човек ќе го остави татка си и мајка си, ќе се прилепи до жената своја и обата ќе бидат во едно тело; и та­ка, тие веќе не се двајца, туку едно те­ло. Значи, тоа што Бог го сврзал, човек да не го разделува.“ И во домот, учениците Негови пак Го прашаа за тоа. И им рече: „Кој ќе ја напушти својата жена и се ожени со друга, тој прељубодејствува кон неа; а и жена, ако го напушти својот маж и се омажи за друг, прељубодеј­ствува.“