Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 1:4-11

Марко 1:4-11 MK2006

Се јави Јован, крштавајќи во пустината и проповедајќи покајно крштавање за проштавање на гревовите. И доаѓаа кај него од целата Јудејска страна и од Ерусалим, и тој ги крш­та­ва­ше сите во реката Јордан, а тие ги ис­по­ведаа своите гревови. А Јован носеше облека од камилски влакна и појас од кожа околу половината своја, и се хранеше со скакулци и див мед. Тој проповедаше, велејќи: „По мене иде Посилниот од мене, на Кого не сум достоен да се наведнам и да Му ги од­вр­зам ремењата од обувките Негови. Јас ве крстив со вода, а Тој ќе ве крс­ти со Дух Свети.“ А во оние дни дојде Исус од Назарет Галилејски и се крсти од Јован во Јор­дан. И кога излегуваше од водата, вед­наш виде како се отвораат небесата, и Духот, во вид на гулаб, како слегува над Него. И се чу глас од небесата: „Ти си Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја.“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Марко 1:4-11