И кога влезе во коработ, по Него влегоа и учениците Негови. И ете, голема бура го зафати морето, така што брановите го покриваа коработ, а Тој спиеше. Тогаш се приближија учениците до Него, Го разбудија и рекоа: „Господи, спаси нѐ, загинуваме!“ А Тој им рече: „Зошто сте толку плашливи, маловерни?“ Потоа стана, им се закани на ветровите и на морето, и настана голема тишина. А луѓето се зачудија и рекоа: „Кој е Овој, та и ветровите и морето Му се покоруваат?“ И кога пристигна на другата страна во земјата Гергесинска, Го сретнаа двајца обземени од демони, кои излегоа откај гробиштата; беа толку лоши што никој не смееше да мине по тој пат. И ете, извикаа и рекоа: „Што имаш со нас Ти, Исусе, Сине Божји!? Зар си дошол тука пред време да нѐ мачиш?“ А недалеку од нив пасеа голем број свињи. И демоните Го молеа и говореа: „Ако нѐ изгониш, дозволи ни да влеземе во свињине!“ И Тој им рече: „Отидете!“ И тие излегоа и влегоа во свињите. И одеднаш сите свињи јурнаа низ стрмнината во морето и се издавија во водата. А свињарите побегнаа и кога дојдоа во градот, раскажаа за сето тоа и за она што се беше случило со бесомачните. И ете, излезе целиот град да Го пресретне Исус и кога Го видоа, Го замолија да си оди од нивниот крај.
Прочитај Матеј 8
Слушај Матеј 8
Сподели
Спореди ги сите верзии: Матеј 8:23-34
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа