Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 8:18-34

Матеј 8:18-34 MK2006

Кога виде околу Себе многу народ, им заповеда на учениците да минат на другата страна. Тогаш се приближи до Исус еден книжник и му рече: „Учителе, ќе Те следам каде и да одиш.“ А Исус му рече: „Лисиците имаат легла и птиците небески – гнезда; а Синот Човечки нема каде глава да нас­лони.“ Друг, пак од учениците Му рече: „Господи, дозволи ми најнапред да отидам да го погребам татко ми.“ Но Исус му рече: „Врви по мене, и остави ги мртвите да ги погребува­ат своите мртовци!“ И кога влезе во коработ, по Него влегоа и учениците Негови. И ете, голема бура го зафати морето, така што брановите го покриваа ко­работ, а Тој спиеше. Тогаш се приближија учениците до Него, Го разбудија и рекоа: „Господи, спаси нѐ, загинуваме!“ А Тој им рече: „Зошто сте толку плашливи, маловерни?“ Потоа стана, им се закани на ветровите и на морето, и настана голема тишина. А луѓето се зачудија и рекоа: „Кој е Овој, та и ветровите и морето Му се по­коруваат?“ И кога пристигна на другата страна во земјата Гергесинска, Го сретнаа двај­ца обземени од демони, кои излегоа от­кај гробиштата; беа толку лоши што никој не смееше да мине по тој пат. И ете, извикаа и рекоа: „Што имаш со нас Ти, Исусе, Сине Божји!? Зар си дошол тука пред време да нѐ мачиш?“ А недалеку од нив пасеа голем број свињи. И демоните Го молеа и говореа: „Ако нѐ изгониш, дозволи ни да вле­зе­ме во свињине!“ И Тој им рече: „Отидете!“ И тие из­легоа и влегоа во свињите. И одеднаш сите свињи јурнаа низ стрмнината во морето и се издавија во водата. А свињарите побегнаа и кога дојдоа во градот, раскажаа за сето тоа и за она што се беше случило со бесомачните. И ете, излезе целиот град да Го пресретне Исус и кога Го видоа, Го за­молија да си оди од нивниот крај.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност