Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 6:19-25

Матеј 6:19-25 MK2006

„Не собирајте богатства на земјата, каде што ги јаде молецот и рѓата, и ка­де што крадците ги поткопуваат и крадат; но собирајте си богатства на небото, каде што ни молец, ниту рѓа ги јаде, и каде што крадци не ги поткопуваат, ни­ту крадат. Зашто, каде што е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше.“ „Светило за телото е окото. И та­ка, ако твоето око биде здраво и целото твое тело ќе биде светло; ако, пак, твоето око биде лошо, це­лото тело ќе ти биде темно. И така, ако светлината, што е во тебе, е темнина, тогаш каква ли ќе е темнината?“ „Никој не може да им слугува на двајца господари: зашто, или едниот ќе го замрази, а другиот ќе го засака; или кон едниот ќе се приврзе, а другиот ќе го презре. Не можете да им служите на Бога и на Мамон. Затоа ви велам: немојте да се гри­жите за вашата душа – што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за телото, во што ќе се облечете. Зар не чини вашата душа повеќе од храната, и телото – од облеката?