Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 4

4
Исусовите искушувања
(Мк 1,12-13; Лк 4,1-13)
1 # 3,1; 5 Мојс 8,2; Евр 2,18; 4,15 Тогаш Духот Го одведе Исус во пус­тината за да биде искушуван од ѓаволот. 2#1 Мојс 7,4; 2 Мојс 24,18; 34,28; 4 Мојс 14,34; 5 Мојс 9,9.18; Дела 1,3И откако постеше четириесет дни и четириесет ноќи, најпосле огладне. 3#4,3.6; 11,27; 5 Мојс 1,31; Ос 2,1; Пс 2,7А кога се приближи до Него, ис­ку­шувачот Му рече: „Ако си Син Божји, заповедај овие камења да станат ле­бо­ви.“ 4#5 Мојс 8,3А Тој му одговори и рече: „Напи­ша­но е – ‚Човек не живее само од леб, туку и од секој збор што излегува од устата на Бога.‘“ 5#Ис 52,1; Неем 11,1; Откр 21,2.10Тогаш ѓаволот Го одведе во Светиот град и Го постави на стреата од хра­мот 6#Пс 91,11.12и Му рече: „Ако си Син Божји, скок­ни долу, зашто напишано е: ‚На ан­ге­ли­те Свои ќе им заповеда за Тебе да Те запазат и на раце ќе Те земат за да не Си ја сопнеш ногата од камен.‘“ 7#2 Мојс 17,2-7; 4 Мојс 14,22; 5 Мојс 6,16; Пс 78,18; 1 Кор 10,9А Исус му рече: „Напишано е исто така – ‚Не искушувај Го Господ, Твојот Бог.‘“ 8#17,1; Ез 40,2Потоа ѓаволот Го одведе на многу висока планина и Му ги покажа сите царства на светот и нивната слава 9и Му рече: „Сето ова ќе Ти го дадам, ако паднеш и ми се поклониш.“ 10#16,23; 5 Мојс 6,13; 10,20Но, Исус му рече: „Бегај од Мене, сатано, зашто е напишано: ‚На Господ, Твојот Бог, да Му се поклонуваш и са­мо Нему да Му служиш!‘“ 11#Мк 1,13Тогаш ѓаволот Го остави и веднаш дојдоа ангели и Му служеа.
Исусовата служба во Галилеја
(Мк 1,14-15; Лк 4,14-15)
12 # 14,3; Лк 3,20 А кога Исус чу дека Јован е пре­да­ден, отиде во Галилеја. 13#8,5; 11,23И кога го остави Назарет, дојде и се насели во Капернаум, на морскиот брег, во пределите Завулонови и Не­ф­талимови, 14за да се исполни реченото преку пророкот Исаија, кој вели: 15#Ис 8,23–9,1„Земјата Завулонова и земјата Нефталимова, на пат кон морето, отаде Јордан, е незнабожечка Галилеја. 16#10,27; Лк 1,79; Јн 8,12; Дела 26,18; 1 Кор 4,5; 2 Кор 4,6Народот, што седеше во мрак, виде голема светлина и на оние, што седеа во пределот на смртна сенка, им изгреа светлина.“ 17#3,2; 5,3; 1 Кор 6,9-10; Гал 5,21Оттогаш Исус почна да проповеда и да говори: „Покајте се, зашто се приближи царството небесно!“
Исус ги повикува првите ученици
(Мк 1,16-20; Лк 5,1-11)
18 # 10,2; 19,27; Мк 3,16.18; Јн 1,35-42; 6,8; Дела 2,14; 1 Птр 1,1 И одејќи покрај Галилејското Море, ги виде двајцата браќа, Симон, наречен Петар, и брат му Андреј, како фрлаат мрежа во морето бидејќи беа рибари. 19#8,1.19-22; 13,47-50; Јн 21,3.19; 1 Птр 2,21; Откр 14,4И им рече: „Појдете по Мене и Јас ќе ве направам ловци на луѓе.“ 20И ете, тие веднаш ги оставија мре­жите и тргнаа по Него. 21#10,2; 17,1; Лк 5,10; Дела 1,13; 8,14-17; 12,2Потоа, одејќи понатаму виде други двајца браќа: Јаков Заведеев и брат му Јован, во кораб со Заведеј, таткото нив­ни, кои си ги крпеа мрежите свои, и нив ги повика. 22#19,27И тие веднаш го оставија коработ и татка си и тргнаа по Него.
Исус поучува и лекува
(Лк 6,17-19)
23 # 9,35; 24,14; Ис 52,7; Мк 1,14.39 И одеше Исус по цела Галилеја поучувајќи по синагогите, проповедајќи го Евангелието на Царството и лекувајќи секаква болест и немоќ кај народот. 24#8,16; Мк 1,32-34; 6,55-56; Дела 5,16; 10,38Па се разнесе глас за Него по цела Сирија и ги доведуваа кај Него сите болни, нападнати од различни болести и страдања, опседнати од демони, ме­се­ча­ри, фатени, а Тој ги оздравуваше. 25#Мк 3,7-8И по Него одеше многу народ од Галилеја, Десеттоградието, Ерусалим и Јудеја, отаде Јордан.

Селектирано:

Матеј 4: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се