А кога се раздени, сите првосвештеници и старешини направија договор против Исус за да Го убијат; и откако Го врзаа, Го одведоа и Го предадоа на управникот Понтиј Пилат. Тогаш Јуда, што Го предаде, кога виде дека е Тој осуден, се покаја и им ги врати триесетте сребреници на првосвештениците и старешините, велејќи им: „Згрешив, зашто предадов невина крв!“ А тие му одговорија: „Што ни е грижа нам за тоа? Мисли му ти!“ Тој ги фрли сребрениците во храмот, излезе и отиде, та се обеси.
Прочитај Матеј 27
Слушај Матеј 27
Сподели
Спореди ги сите верзии: Матеј 27:1-5
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа