Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 26:36-75

Матеј 26:36-75 MK2006

Потоа отиде Исус со нив на едно место, наречено Гетсиманија, и им рече на учениците: „Поседете тука, додека отидам онаму да се помолам.“ И кога ги поведе со себе Петар и двајцата Заведееви синови, се натажи и почна да тагува. Тогаш Исус им рече: „Смртно е на­жалена Мојата душа; останете тука и бидете будни со Мене!“ Оддалечувајќи се малку, падна нич­кум; се молеше и говореше: „Оче Мој, ако е можно, нека Ме одмине оваа ча­ша; сепак, нека биде не како што сакам Јас, туку како што сакаш Ти.“ Па дојде кај учениците и ги затече како спијат, и му рече на Петар: „Толку ли не можевте еден час да останете со Мене будни!? Бидете будни и молете се, за да не паднете во искушение: духот е бодар, но телото е слабо.“ Повторно отиде и се помоли, гово­рејќи: „Оче Мој, ако не може да ме од­мине оваа чаша без да ја пијам, тогаш нека биде волјата Твоја!“ Кога дојде, пак ги најде како спијат, зашто очите им беа натежнале. Тогаш ги остави, отиде и се помоли по третпат, изговарајќи ги истите збо­рови. Потоа пак дојде кај учениците Свои и им рече: „Сѐ уште спиете и почивате! Ете, наближи часот и Синот Човечки се предава во рацете на грешниците. Станете да одиме! Ете, се прибли­жува оној што Ме предава.“ Додека Тој уште говореше, ете, Ју­да, еден од дванаесетте, дојде, и со него многу луѓе со ножеви и колови, ис­пра­тени од страна на првосвештениците и старешините народни. А оној, што Го предаваше, им беше дал знак, велејќи: „Фатете Го Тој што ќе го бакнам!“ И веднаш се приближи до Исус и Му рече: „Те поздравувам, Рави!“ И Го бакна. А Исус му рече: „Пријателе, зошто си дошол?“ Тогаш пристапија, по­ло­жи­ја раце на Исус и Го фатија. И ете, еден од оние што беа до Ис­ус, протегна рака и извади нож, па го удри слугата на првосвештеникот, и му го отсече увото. Тогаш Исус му рече: „Врати го но­жот во ножницата. Зашто сите што се фаќаат за нож, од нож ќе загинат; или мислиш дека не можам да Го помолам сега Својот Отец да Ми прати повеќе од дванаесет легиони ангели? Но, како ќе се исполнат Писмата, ако ова не стане?“ Потоа Исус му рече на народот: „Како на разбојник сте излегле со но­жеви и колови за да Ме фатите. Секој ден седев со вас, поучувајќи во храмот, и не Ме фативте. Но сето тоа стана за да се исполнат пророчките писма.“ Тогаш сите уче­ни­ци Го оставија и се разбегаа. А оние што Го фатија Исус, Го од­ведоа кај првосвештеникот Кајафа, ка­де што беа собрани книжниците и ста­ре­шините. Петар, пак, одеше по Него одда­ле­ку, до дворот на првосвештеникот; и влезе внатре, па седна со слугите за да го види крајот. А првосвештениците и ста­ре­ши­ни­те, и целиот Синедрион бараа лажно сведоштво против Исус за да Го погубат и не наоѓаа; и, макар што пристапија многу лажни сведоци, не најдоа. Но најпосле дојдоа двајца и рекоа: „Овој кажа: ‚Можам да го урнам Божјиот храм и за три дни да го соѕидам.‘“ Тогаш стана првосвештеникот и Му рече: „Ништо ли не одговараш? Што сведочат овие против Тебе?“ Но Исус молчеше. А првос­веш­те­никот Му рече: „Те заколнувам во жи­виот Бог да ни кажеш: Ти ли си Хрис­тос, Синот Божји?“ Исус му одговори: „Ти рече! Ви ве­лам отсега ќе Го гледате Синот Човеч­ки како седи оддесно на Силата и како доаѓа на небесните облаци.“ Тогаш првосвештеникот ја раскина облеката своја и рече: „Овој хули на Бога! Каква потреба имаме повеќе од сведоци? Ете, сега го чувте Неговото хулење! Како ви се чини?“ А тие одговорија и рекоа: „Заслужува смрт!“ Тогаш Го плукаа в лице и Го удираа по образите, а други Го тепаа и говореа: „Проречи ни, Христе, кој Те удри?“ А Петар седеше надвор во дворот. И се приближи до него една слугинка и му рече: „И ти беше со Исус Гали­ле­е­цот!“ Но тој се одрече пред сите, велејќи: „Не знам што зборуваш!“ А кога одеше кон вратата, го виде друга и им рече на оние што беа таму: „И овој беше со Исус од Назарет!“ Но тој пак се одрече со заклетва: „Не Го познавам Човекот!“ Малку потоа се приближија оние што стоеја таму и му рекоа на Петар: „Навистина, и ти си од нив, зашто и го­во­рот твој те издава!“ Тогаш тој почна да се колне, и се заколна: „Не Го познавам Човекот!“ И веднаш запеа петел. И се сети Петар на Исусовите збо­рови што му ги рече: „Уште петел пред да запее, трипати ќе се одречеш од Ме­не.“ Па излезе надвор и горко плачеше.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Матеј 26:36-75