Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 25:20-29

Матеј 25:20-29 MK2006

И кога пристапи оној што беше примил пет таланти, донесе уште други пет и рече: ‚Господаре, ти ми предаде пет таланти; ете, сум спечалил уште пет.‘ Господарот му рече: ‚Убаво, добар и верен слуго! Во малку беше верен, над многу ќе те поставам; сподели ја ра­доста со својот господар!‘ Дојде, исто така, и оној што беше примил два таланта и рече: ‚Господаре, ти ми предаде два таланта, ете, со нив спечалив уште два.‘ Господарот му рече: ‚Убаво, добар и верен слуго! Во малку беше верен, над многу ќе те поставам; сподели ја ра­доста со својот господар!‘ Пристигна и оној што беше зел еден талант и рече: ‚Господаре, те знаев дека си жесток човек: жнееш каде што не си сеел, и собираш каде што не си ве­ел, па се уплашив и отидов, и го сокрив твојот талант в земја; ете ти го твоето.‘ А господарот му одговори и рече: ‚Зол и мрзлив слуго! Ако си знаел дека жнеам, каде што не сум сеел, и собирам каде што не сум садел, требаше моите пари да им ги дадеш на трговците, па кога ќе дојдам да си го приберам своето со добивка; земете го од него талантот и дајте му го на оној што има десет таланти; зашто секому, што има, ќе му се да­де и преумножи, а од оној, што нема, ќе му се одземе и она што го има