„Тогаш царството небесно ќе заприлега на десет девојки, кои ги зедоа своите светилки и излегоа да го пречекаат младоженецот. Петте од нив беа мудри, а петте неразумни. Неразумните ги зедоа светилките свои, но не понесоа со себе масло; а мудрите, заедно со светилките, зедоа во садовите свои и масло; и бидејќи младоженецот се забави, сите задремаа и заспаа. А на полноќ се чу викање: ‚Еве го младоженецот, излезете да го пречекате!‘ Тогаш сите тие девојки станаа и ги приготвија своите светилки. Неразумните, пак, им рекоа на мудрите: ‚Дајте ни од вашето масло, зашто нашите светилки гаснат.‘ Мудрите им одговорија и рекоа: ‚Но, може да не ни стигне и нам и вам: подобро одете кај продавачите и купете си!‘ А кога тие отидоа да купат, пристигна младоженецот и приготвените влегоа со него на свадбата, и вратите се затворија. Потоа дојдоа и другите девојки и викаа: ‚Господаре, господаре, отвори ни!‘ А тој им одговори и рече: ‚Вистина, ви велам: не ве познавам!‘
Прочитај Матеј 25
Слушај Матеј 25
Сподели
Спореди ги сите верзии: Матеј 25:1-12
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа