Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 22:1-10

Матеј 22:1-10 MK2006

И одговарајќи, Исус пак им гово­реше во параболи и рече: „Царството небесно прилега на еден цар, кој направи свадба за својот син. И ги испрати своите слуги да ги повикаат поканетите на свадба; а тие не сакаа да дојдат. Потоа испрати други слуги и им ре­че: кажете им на поканетите: ‚Ете, при­готвив јадење; јунците мои и сѐ што е угоено се заклани, и сѐ е готово; дојдете на свадбата!‘ Но, тие не сакаа да знаат за тоа, ту­ку си отидоа: кој на нива, кој по тргови­ја; а некои, пак, ги фатија неговите слу­ги, ги исмејаа и ги убија. Штом чу за тоа царот, се налути, ис­прати своја војска и ги погуби убијците и им го изгоре нивниот град. Тогаш им рече на слугите свои: ‚Свадбата е готова, но поканетите не беа достојни. Затоа одете по крстопатите и колкумина ќе најдете, поканете ги на свадба!‘ И излегоа слугите на крстопатите, ги собраа сите што ги најдоа – и лоши и добри; и се наполни свадбениот дом со гости.