Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 19:3-9

Матеј 19:3-9 MK2006

И дојдоа кај Него фарисеите што Го искушуваа, па Му рекоа: „Може ли чо­век да ја остави жената своја за каква и да било причина?“ Тој им одговори и рече: „Не ли сте читале, дека Оној што ги создаде во по­четокот, маж и жена ги создаде, и рече: ‚Затоа ќе остави човек татко и мајка и ќе се прилепи до жената своја и ќе би­дат обата едно тело.‘ Па така, тие веќе не се двајца, туку едно тело. А Бог што соединил човек да не разделува.“ Тие Му рекоа: „Зошто тогаш Мојсеј заповеда да ѝ даде мажот разводно пис­мо и да ја напушти?“ Тој им одговори: „Заради вашите жестоки срца Мојсеј ви дозволи да ги оставате жените свои; но во почетокот не беше така. Јас, пак, ви велам: оној што ќе ја ос­тави својата жена, освен заради прељуба, и се ожени со друга, тој извршува прељуба; и оној, што ќе се ожени со на­пуштена, исто така прељубодејствува.“