Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 19:16-22

Матеј 19:16-22 MK2006

И ете, еден човек, кога пристапи до него, Му рече: „Учителе добар, какво добро треба да направам за да имам жи­вот вечен?“ А Тој му одговори: „Зошто Ме на­рекуваш добар? Само Еден е добар. А ако сакаш да влезеш во животот, запазувај ги заповедите.“ Тој Му рече: „Кои?“ А Исус од­го­во­ри: „Не убивај, не прељубодејствувај, не кради, не сведочи лажно; почитувај ги татка си и мајка си; са­кај го ближниот свој како себеси!“ Младиот човек Му рече: „Сето тоа сум го запазил уште од детството; што ми е уште потребно?“ Исус му кажа: „Ако сакаш да би­деш совршен, оди, продај го имотот свој и раздели го на сиромаси, и ќе имаш бо­гат­ство на небото; па дојди и врви по Мене!“ Штом ги чу младиот човек овие зборови, си отиде нажален, бидејќи имаше голем имот.