Слугата, пак, штом излезе, најде еден од другарите свои, кој му должеше сто денарии, и кога го фати, го давеше и му велеше: ‚Врати ми го долгот!‘ Тогаш неговиот другар падна ничкум пред нозете негови, го молеше и велеше: ‚Стрпи се спрема мене и сѐ ќе ти исплатам!‘ Но тој не сакаше, туку отиде и го фрли во затвор, додека не му го исплати долгот. Другарите, пак, негови, кога видоа што се случи, многу се огорчија, па отидоа и му кажаа на својот господар за сѐ што се случи. Тогаш господарот негов го повика и рече: ‚Зол слуго, јас ти го простив целиот долг, зашто ми се молеше; не требаше ли и ти да се смилуваш над својот другар, како што се смилував и јас над тебе?‘ И се разгневи господарот негов, па го предаде на мачители, додека не му го исплати целиот долг. Така и Мојот Отец небесен ќе постапи со вас, ако секој од вас не му прости од срце на брата си.“
Прочитај Матеј 18
Слушај Матеј 18
Сподели
Спореди ги сите верзии: Матеј 18:28-35
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа