Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 14:22-29

Матеј 14:22-29 MK2006

И веднаш ги повика Исус уче­ни­ци­те Свои да влезат во кораб и да минат на другата страна пред Него, додека Тој да го распушти народот. Па штом го распушти народот, Тој се искачи на планината за да се помоли насамо. И таа вечер остана таму Сам. А коработ беше веќе на сред море и брановите го удираа, зашто ветрот ду­ваше спротивно. Но на четвртата стража преку ноќта, дојде Исус кај нив, одејќи по мо­рето. А учениците, штом Го видоа како оди по морето, се уплашија и рекоа: „Тоа е привидение!“ и од страв извикаа. Но Исус веднаш почна да зборува со нив и им рече: „Не бојте се! Јас сум, не плашете се!“ А Петар, одговарајќи Му, рече: „Господи, ако си Ти, заповедај да дојдам кај Тебе по водата!“ И Исус му рече: „Дојди!“ Па штом излезе од коработ, Петар тргна по водата за да оди кај Исус