Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 13:36-43

Матеј 13:36-43 MK2006

Тогаш Исус го остави народот и влезе во една куќа. А учениците се приближија до Него и Му рекоа: „Про­тол­кувај ни ја параболата за каколот на нивата!“ А Тој им одговори и рече: „Сејачот на доброто семе е Синот Човечки. Нивата е овој свет; доброто семе – тоа се синовите на царството, а каколот – синовите на лукавиот. Непријателот, пак, што го посеа, е ѓаволот; жетвата е крајот на светот, а жетварите се ангелите. И така, како што се собира плевата и се гори во оган, така ќе биде и при крајот на овој свет. Ќе испрати Синот Човечки Свои ангели и ќе ги соберат сите при­чи­ни­те­ли на гревот од Неговото царство, и оние што вршат незаконски дела, и ќе ги фрлат во вжарена печка; та­му ќе има плач и крцкање со заби. Тогаш праведниците ќе заблескаат како сонце во царството на нивниот Отец. Кој има уши да слуша, нека чуе!“