Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 13:1-23

Матеј 13:1-23 MK2006

Излегувајќи тој ден од куќата, Исус седна покрај морето. И се собра околу Него многу народ, така што Тој влезе во кораб и седна, а сиот народ стоеше на брегот. И им говореше многу во параболи, велејќи: „Ете, излезе сејач да сее; и кога сееше, едни зрна паднаа по­крај патот; долетаа птици и ги искол­ваа. Други паднаа на каменито место, ка­де што немаше многу земја, и набргу проникнаа, зашто земјата не беше дла­бока. Но, штом изгреа сонцето, тие свенаа, па, бидејќи немаа корен, се ису­ши­ја. Некои паднаа во трње и израсна тр­њето и ги задуши. Други паднаа на добра земја и дадоа добар плод; едно сто, друго шеесет, а трето триесет. Кој има уши да слуша, нека чуе.“ И кога се приближија до Него уче­ниците, Му рекоа: „Зошто им зборуваш во парабола?“ А Тој им одговори и рече: „Зашто вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството небесно, а ним не им е дадено. Кој има ќе му се даде и ќе му се преумножи; а кој нема, ќе му се земе и она што го има. Затоа им зборувам во параболи, за­што гледаат и не видат; слушаат и не можат да чујат, ниту пак, разбира­ат; и над нив се исполнува про­рош­твото на Исаија, кој вели: ‚Со уши ќе чу­ете и нема да разберете, со очи ќе гледате и нема да видите; срцето на овие луѓе закоравело и со ушите тешко слушаат; и ги затвориле очите свои за да не можат никогаш со очите да видат и со ушите да чујат и со срцето да разберат, та да се покајат и да ги исцелам.‘ Вашите, пак, очи се блажени, би­деј­ќи гледаат и ушите ваши – бидејќи слу­шаат; зашто вистина ви велам: многу пророци и праведници сакаа да видат што гледате вие, и не видоа, и да чујат што слушате вие, и не чуја.“ „Вие, пак, чујте ја параболата за се­јачот. Кај секого, што го слуша словото за царството и не го разбира, доаѓа лу­ка­виот и го граба посеаното во срцето не­гово; ете, тоа означува посеаното по­крај патот. А посеаното на камен е оној што го слуша словото и веднаш со радост го прима; но нема во себе корен и е непостојан: дојдат ли неволји или гонење заради словото, веднаш отстапува. Посеаното, пак, во трње е оној што го слуша словото, но грижите од овој свет и примамливото богатство го за­ду­шуваат словото и тоа останува без род. А посеаното на добра земја е оној што го слуша словото и го разбира, и дава плод: еден сто, друг шеесет, а трет триесет.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност