Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 12:38-45

Матеј 12:38-45 MK2006

Тогаш некои од книжниците и фа­рисеите одговорија и рекоа: „Учителе, сакаме да видиме знак од Тебе!“ А Тој им одговори и рече: „Лукав и прељуботворен род бара знак; но нема да му се даде знак освен знакот на пророкот Јона; зашто, како што Јона беше во утробата на китот три дни и три ноќи, така и Синот Човечки ќе биде во срцето на земјата три дни и три ноќи. Ниневјаните ќе излезат на суд со овој род и ќе го осудат, зашто тие се по­кајаа од проповедта на Јона; а ете, тука има поголем од Јона. И царицата јужна ќе излезе на суд со овој род и ќе го осуди; зашто таа дој­де од крај земја за да ја чуе мудроста на Соломон, но ете, тука е многу поголем од Соломон.“ „Кога нечистиот дух ќе излезе од човекот, минува преку безводни места, барајќи спокој и не го наоѓа; тогаш ќе рече: ‚Да се вратам во мо­јот дом, откаде што излегов.‘ И штом дојде го наоѓа празен, изметен и уреден. Тогаш оди и доведува други седум духови, полоши од себе, и штом ќе вле­зат, таму и ќе живеат; и последната состојба на тој човек станува полоша од првата. Така ќе биде и со овој пакосен род.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност