А го правите и ова – го обливате со солзи жртвеникот Господов, плачејќи и воздивнувајќи, така што Тој веќе и не гледа на приносот и не ја прима жртвата за милост од рацете ваши. Вие, пак, прашувате – зошто? Поради тоа што Господ беше сведок меѓу тебе и жената од твојата младост, на која не ѝ беше верен, иако таа ти е помошничка и твоја законска жена. Зар Тој не направи да бидеш едно тело и еден дух со неа? И што сакаше Тој со тоа? Тој сакаше да добие потомство од Бога. Па така, пазете го духот свој и никој да не ја изневерува жената од својата младост. Зашто Јас мразам развод – вели Господ, Бог Израилев – и човек што си ја опоганува својата облека со неверство, вели Господ Саваот. Затоа пазете го духот свој да не постапувате вероломно.
Прочитај Малахија 2
Сподели
Спореди ги сите верзии: Малахија 2:13-16
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа