А додека тие патуваа, некој Му рече: „Господи, ќе врвам по Тебе каде и да одиш.“ Исус му рече: „Лисиците имаат легла и птиците небески гнезда, а Синот Човечки нема каде глава да засолни.“ На друг, пак, му рече: „Врви по Мене!“ А тој одговори: „Господи, допушти најнапред да отидам да го погребам татко ми!“ Но Исус му рече: „Остави ги мртвите да ги закопуваат своите мртовци, а ти оди и разгласувај го царството Божјо!“ Потоа некој друг Му рече: „Господи, ќе одам по Тебе, но дозволи ми најнапред да се простам со своите домашни.“ Исус, пак, му рече: „Никој, што ја ставил раката своја на ралото и погледува назад, не е достоен за царството Божјо.“
Прочитај Лука 9
Слушај Лука 9
Сподели
Спореди ги сите верзии: Лука 9:57-62
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа