Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 9:37-45

Лука 9:37-45 MK2006

А на другиот ден, додека се симнуваа од гората, Му доаѓаше во пресрет многу народ. И ете, некој од народот извика: „Учителе, Ти се молам, погледни на мо­јот син, зашто ми е единец! Духот одненадеж го зграпчува и ете, тој почнува силно да вриска. Го растргнува толку силно, што тој сиот се запенува, и откако многу ќе го измачи, одвај го пушта. Ги помолив учениците Твои да го истераат, но тие не можеа.“ Одговори Исус и рече: „О, роде не­верен и развратен! До кога ќе бидам со вас и до кога ќе ве трпам? Доведи го си­нот твој тука!“ И додека тој уште приоѓаше, злиот дух го кутна и почна да го тресе. Но Исус му заповеда на нечистиот дух и го излекува момчето и го предаде на татко му. И сите беа вчудовидени од Божјото величие. И додека сите се восхитуваа на сѐ што правеше Исус, Тој им рече на учениците Свои: „Запамтете ги во ушите свои овие зборови: ‚Синот Човечки ќе биде пре­да­ден во рацете на луѓето.‘“ Но тие не го разбраа овој говор, зашто беше прикриен од нив за да не го разберат, а се плашеа да Го прашаат за неговото значење.

Video for Лука 9:37-45