Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 9:18-25

Лука 9:18-25 MK2006

Еднаш, кога Исус се молеше сам, а само учениците Негови беа со Него, Тој ги праша: „За кого Ме смета народот?“ Тие одговорија и рекоа: „Едни за Јован Крстител, други за Илија, а не­кои, пак, дека воскреснал еден од ста­ри­те пророци.“ Тој им рече: „А вие, за кого Ме сме­тате?“ Петар одговори и рече: „За Христос Божји.“ И Тој строго им заповеда никому да не кажуваат за тоа, велејќи дека Синот Човечки треба да пострада многу, да биде отфрлен од старешините, првосвештениците и книж­ниците и дека ќе биде убиен, и де­ка на третиот ден ќе воскресне. А на сите им зборуваше: „Ако некој сака да оди по Мене, нека се одрече од себе самиот, нека го земе крстот свој и секој ден нека Ме следи! Зашто, кој сака да го спаси животот свој, ќе го загуби; а кој ќе го загуби жи­вотот свој заради Мене, тој ќе го спаси. Зашто, каква му е ползата на чо­ве­ка, ако го добие целиот свет, а себе са­миот се изгуби или си направи штета?

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Лука 9:18-25

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност