Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 7:1-10

Лука 7:1-10 MK2006

И кога ги заврши зборовите Свои кон народот, што слушаше, влезе во Капернаум. Еден стотник имаше слуга, кого многу го сакаше, а слугата беше тешко болен на умирање. Па штом слушна за Исус, ги прати кај Него старешините јудејски, молејќи Го да дојде и да го спаси слугата негов. А тие, кога дојдоа кај Исус, Го мо­леа усрдно и велеа: „Достоен е да му го направиш тоа, зашто го сака нашиот народ и синагогата тој ни ја направи.“ И тргна Исус со нив. А кога беа веќе близу до куќата, стотникот ги прати пријателите свои кај Него, говорејќи: „Господи, не труди се, зашто не сум достоен да влезеш под мојот покрив; затоа и сам себе не се сметав достоен да дојдам кај Тебе; туку кажи само збор и мојот слуга ќе оздрави; зашто и јас сум човек под власт, а имам и потчинети војници; па кога ќе му речам на еден од нив: ‚Оди!‘ – и тој оди; на другиот: ‚Дојди!‘ – и тој доаѓа; и на слугата свој: ‚Направи тоа‘ – и тој прави.“ Штом го слушна тоа, Исус се зачуди и кога се заврте кон народот, што врвеше по Него, рече: „Ви велам, ни во Израел не најдов толку голема вера!“ А кога испратените се вратија, го најдоа болниот слуга здрав.