Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 7

7
Верата на еден стотник
(Мт 8,5-13; Јн 4,46-54)
1И кога ги заврши зборовите Свои кон народот, што слушаше, влезе во Капернаум. 2#Јн 4,47Еден стотник имаше слуга, кого многу го сакаше, а слугата беше тешко болен на умирање. 3Па штом слушна за Исус, ги прати кај Него старешините јудејски, молејќи Го да дојде и да го спаси слугата негов. 4А тие, кога дојдоа кај Исус, Го мо­леа усрдно и велеа: „Достоен е да му го направиш тоа, 5#Дела 10,2зашто го сака нашиот народ и синагогата тој ни ја направи.“ 6#Дела 10,23И тргна Исус со нив. А кога беа веќе близу до куќата, стотникот ги прати пријателите свои кај Него, говорејќи: „Господи, не труди се, зашто не сум достоен да влезеш под мојот покрив; 7затоа и сам себе не се сметав достоен да дојдам кај Тебе; туку кажи само збор и мојот слуга ќе оздрави; 8зашто и јас сум човек под власт, а имам и потчинети војници; па кога ќе му речам на еден од нив: ‚Оди!‘ – и тој оди; на другиот: ‚Дојди!‘ – и тој доаѓа; и на слугата свој: ‚Направи тоа‘ – и тој прави.“ 9Штом го слушна тоа, Исус се зачуди и кога се заврте кон народот, што врвеше по Него, рече: „Ви велам, ни во Израел не најдов толку голема вера!“ 10А кога испратените се вратија, го најдоа болниот слуга здрав.
Чудото со синот на една вдовица
11Потоа отиде во градот наречен Наин; и со Него одеа Неговите ученици и многу народ. 12#8,42; 1 Цар 17,10-12А кога се приближи до градската порта, ете, изнесуваа мртовец, единст­вен син на мајка си, а таа беше вдовица; и многу народ од градот одеше со неа. 13#7,19; 8,52; 11,39Штом ја виде Господ, се сожали на неа, па ѝ рече: „Не плачи!“ 14#Мт 9,25; Мк 1,31; 9,27; Дела 9,40И кога се приближи, се допре до но­силото; носачите застанаа, а Тој рече: „Момче, тебе ти велам, стани!“ 15#1 Цар 17,23; 2 Цар 4,36Мртовецот се подигна и седна, па почна да зборува; и Тој го предаде на мајка му. 16#1,68; 19,44; 1 Цар 17,17-24; 2 Цар 4,18-37; 13,20-21; Пс 111,9И страв ги обзеде сите, и Го славеа Бога и велеа: „Голем пророк се јави ме­ѓу нас“ и „Бог го посети Својот народ.“ 17И се разнесе овој глас за Него по цела Јудеја и по целата околина.
Пратениците на Јован Крстителот
(Мт 11,2-6)
18И му соопштија на Јован учениците негови за сето тоа. 19#Пс 118,26; Мт 23,39; Јн 6,14; 11,27; Откр 4,8Јован, пак, повика двајца свои уче­ници и ги испрати кај Исус, говорејќи: „Ти ли си Оној што треба да дојде, или друг да чекаме?“ 20И кога дојдоа кај него, тие Му ре­коа: „Јован Крстителот нѐ прати кај Те­бе, велејќи: ‚Ти ли си Оној што треба да дојде, или друг да чекаме?‘“ 21Во тој час Тој исцели мнозина од болести, и од рани, и од демони, и на мнозина слепи им подари вид. 22#2,34; Ис 26,19; 29,18; 35,5-6; 42,7.18; 61,1И им одговори Исус и рече: „Одете и кажете му на Јован што видовте и што чувте: слепи прогледуваат, куци проодуваат; лепрозни се очистуваат, глуви прослушуваат, мртви воскреснуваат и на бедни им се проповеда Еван­гелието; 23#Мт 5,3.29и блажен е оној кој не ќе се соблаз­ни поради Мене.“
Исус говори за Јован Крстител
(Мт 11,7-11)
24А кога си отидоа учениците Јо­ва­но­ви, Тој почна да му зборува на народот за Јован: „Што излеговте да ви­дите во пустината? Трска ли, што се лулее од ветар? 25Но, што излеговте да видите? Чо­век ли, облечен во меки алишта? Ете, оние што се облекуваат убаво и живеат богато, по царски палати се. 26#Мт 14,5Туку, што излеговте да видите? Пророк ли? Да, Јас ви велам, и повеќе од пророк. 27#1,76; 2 Мојс 23,20; Мал 3,1; Мк 1,2Овој е, за кого што е напишано: ‚Ете, јас го испраќам пред лицето Твое ангелот Мој, што ќе го приготви патот Твој пред Тебе.‘ 28#1,15Зашто ви велам: меѓу родените од жена нема ниеден поголем пророк од Јован Крстител; но најмалиот во царството Божјо е поголем од него.“ 29#Мт 21,32#3,7.12И сите луѓе, што слушаа, па и цариниците, ја познаа Божјата праведност, крштавајќи се со крштавањето Јо­ваново; 30#10,25; 11,45-46.52а фарисеите и закониците ја отфрлија Божјата волја за нив, и не се крстија од него. 31#Мт 11,16-19„Со кого да ги споредам луѓето од овој род? И кому се слични? 32Тие личат на деца што седат по па­зариштата и викаат едно на друго, ве­лејќи: ‚Ви свиревме, а вие сепак не игравте; ви пеевме жални песни и сепак не плачевте!‘ 33#1,15; Јн 7,20; 10,20Зашто, дојде Јован Крстителот, кој ниту леб јаде, ниту вино пие, а вие ве­ли­те: ‚Демонот е во него.‘ 34#5,30; 15,1-2; Мт 8,20Дојде Синот Човечки, Кој јаде и пие, а вие велите: ‚Еве човек ненасит­лив и пијаница, пријател на цариниците и грешниците!‘ 35#2,40.52; 11,31; 21,15А Мудроста беше оправдана од сите нејзини чеда.“
Исус и жената грешница
36 # 11,37; 14,1 Еден од фарисеите Го покани да ја­де со него; и Тој, кога влезе во куќата на фарисејот, седна на трпеза. 37#Мт 26,7И ете, една жена од градот, која бе­ше грешница, штом дозна дека Тој седи на трпеза во куќата на фарисе­ј­от, донесе сад од алабастер со миро; 38#Јн 12,3па застана одзади покрај Неговите нозе, плачејќи почна да ги мие нозете Негови со солзи и ги триеше со косата своја; и ги целиваше и помазуваше со миро. 39#7,16; 24,19; Мт 21,11; Јн 4,18-19А кога го виде тоа фарисејот, што Го беше поканил, рече во себе, велејќи: „Кога Овој би бил пророк, би знаел која е и каква е оваа жена што Го допира, зашто таа е грешница.“ 40Му одговори Исус и рече: „Симоне, имам нешто да ти кажам.“ А тој рече: „Кажи, Учителе!“ 41Исус му рече: „Некој заемодавец имаше двајца должници: едниот му должеше петстотини денарии, а другиот педесет. 42#Мт 18,27Но бидејќи немаа да му вратат, тој им ги подари на обајцата. Кажи Ми, кој од нив повеќе ќе го милува?“ 43#10,28Симон одговори и Му рече: „Мис­лам оној, кому повеќе му подарил.“ А Тој му рече: „Право пресуди.“ 44#1 Мојс 18,4; 19,2; Јн 13,1-17И тогаш се сврте кон жената, па му рече на Симон: „Ја гледаш ли оваа же­на? Влегов во твојот дом, ти ни вода за нозете не Ми даде, а таа со солзи Ми ги обли нозете и со косата своја ги истри. 45#Рим 16,16; 1 Птр 5,14Ти не ми даде целив, а таа, откако влегов, не престана да ги целива нозете Мои. 46#Пс 23,5Ти со миро не ја помаза главата Моја, а таа со миро ги помаза нозете Мои. 47Затоа ти велам: нејзе ѝ се простени многу гревови, зашто покажа многу љу­бов. А кому му е простено малку, тој мала љубов има.“ 48#Мт 9,2; 26,28Нејзе, пак, ѝ рече: „Простени ти се гревовите!“ 49#5,21А оние што седеа со Него на тр­пе­зата, почнаа да говорат во себе: „Кој е Овој што и гревови простува?“ 50#17,19; Мт 8,10; 9,22; Мк 5,34; 10,52; 1 Сол 5,13На жената пак ѝ рече: „Верата тво­ја те спаси; оди си во мир!“

Селектирано:

Лука 7: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се