Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 5:1-11

Лука 5:1-11 MK2006

Еднаш, кога народот се притис­каше кон Него за да го чуе словото Божјо, Тој стоеше покрај Гени­са­ретското езеро. Тогаш виде два кораба што стоеја покрај езерото; а рибарите беа излегле од нив и си ги плавеа мрежите. Тој влезе во еден од корабите, кој бе­ше на Симон, па го замоли да отплови малку од брегот, па седна и почна да го поучува народот од коработ. А штом престана да говори, му рече на Симон: „Заплови кон длабочините и фрлете ги мрежите свои за лов!“ Но Симон Му одговори и рече: „Учителе, цела ноќ се трудевме и ниш­то не уловивме; но по Твоја волја ќе ја фрлам мрежата.“ И штом го направи тоа, тие уловија толку големо количество риба, што ду­ри и мрежата им се скина. Им дадоа знак на другарите што беа во другиот кораб да дојдат и да им по­могнат; и тие дојдоа и ги наполнија и двата кораба, така што за малку ќе по­тонеа. А кога го виде тоа, Симон Петар падна пред нозете Исусови и Му рече: „Оди си од мене, Господи, зашто сум грешен човек!“ Зашто него, и сите што беа со него, ги беше обзел страв од многуте риби, што ги уловија, а исто така и Јаков и Јован, си­но­ви­те Заведееви, кои му беа другари на Си­мон. И му рече Исус на Симон: „Не плаши се! Отсега ќе ловиш луѓе!“ Кога ги извлекоа двата кораба на суво, оставија сѐ и тргнаа по Него.