Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 4:1-22

Лука 4:1-22 MK2006

Исполнет со Дух Свети, Исус се врати од Јордан, и беше одведен од Духот во пустината. Четириесет дена Го искушуваше ѓа­волот. Во текот на тие денови не ја­деше ништо, а кога изминаа тие, најпос­ле огладне. Тогаш Му рече ѓаволот: „Ако си Син Божји, кажи му на овој камен да стане леб.“ А Исус му одговори: „Напишано е дека не само со леб ќе живее човекот (туку и со секој збор Божји).“ Потоа ѓаволот Го одведе на една ви­сока планина и му ги покажа за миг си­те царства во светот. И Му рече ѓаволот: „Тебе ќе Ти ја дадам сета оваа власт и нивната слава, зашто мене ми е предадена, и ја давам кому што сакам. Ако ми се поклониш, сето тоа ќе би­де Твое.“ Но Исус му одговори и рече: „(Бегај од Мене, сатано, зашто) напишано е: ‚На Господ, твојот Бог, поклонувај Му се и единствено Нему служи Му!‘“ И Го одведе во Ерусалим, и Го пос­тави на стреата од храмот, па Му рече: „Ако си Син Божји, фрли се одовде до­лу! Зашто е напишано: ‚На ангелите Свои ќе им заповеда за Тебе да Те за­чу­ваат; и на раце ќе Те земат, да не си ја сопнеш ногата Своја на камен.‘“ И Исус му одговори и рече: „Кажа­но е: ‚Не искушувај Го Господ, својот Бог!‘“ Па откако ѓаволот заврши со сите искушенија, се оддалечи од Него за не­кое време. И се врати Исус во Галилеја во си­лата на Духот; и се разнесе глас за Него по целиот тој крај. А Тој поучуваше во нивните синагоги, и сите го славеа. И дојде во Назарет, каде што беше одраснал, и по обичајот Свој влезе еден саботен ден во синагогата, па стана да чита. Му ја подадоа книгата на пророкот Исаија; и Тој, штом ја отвори, го најде местото каде што беше напишано: „Духот Господов е врз Мене; зашто Господ Ме помаза. Ме прати да им соопштам радосна вест на бедните. Ме прати да им проповедам на заробените ослободување и на слепите прогледува­ње, да ги пуштам на слобода напатени­те; да ја проповедам благопријатната година Господова!“ Потоа ја затвори книгата, му ја даде на прислужникот, и седна; а очите на сите во синагогата беа вперени во Него. И почна да им говори: „Денес се ис­полни ова Писмо што го чувте.“ И сите Му потврдија и се восхитуваа на Неговите благодатни зборови што излегуваа од устата Негова и ве­леа: „Не е ли Овој синот на Јосиф?“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Лука 4:1-22