Исполнет со Дух Свети, Исус се врати од Јордан, и беше одведен од Духот во пустината. Четириесет дена Го искушуваше ѓаволот. Во текот на тие денови не јадеше ништо, а кога изминаа тие, најпосле огладне. Тогаш Му рече ѓаволот: „Ако си Син Божји, кажи му на овој камен да стане леб.“ А Исус му одговори: „Напишано е дека не само со леб ќе живее човекот (туку и со секој збор Божји).“ Потоа ѓаволот Го одведе на една висока планина и му ги покажа за миг сите царства во светот. И Му рече ѓаволот: „Тебе ќе Ти ја дадам сета оваа власт и нивната слава, зашто мене ми е предадена, и ја давам кому што сакам. Ако ми се поклониш, сето тоа ќе биде Твое.“ Но Исус му одговори и рече: „(Бегај од Мене, сатано, зашто) напишано е: ‚На Господ, твојот Бог, поклонувај Му се и единствено Нему служи Му!‘“ И Го одведе во Ерусалим, и Го постави на стреата од храмот, па Му рече: „Ако си Син Божји, фрли се одовде долу! Зашто е напишано: ‚На ангелите Свои ќе им заповеда за Тебе да Те зачуваат; и на раце ќе Те земат, да не си ја сопнеш ногата Своја на камен.‘“ И Исус му одговори и рече: „Кажано е: ‚Не искушувај Го Господ, својот Бог!‘“ Па откако ѓаволот заврши со сите искушенија, се оддалечи од Него за некое време.
Прочитај Лука 4
Слушај Лука 4
Сподели
Спореди ги сите верзии: Лука 4:1-13
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа